25 Ноември, 2024
0.0320

ЕКСПЕРТИТЕ КОНТРА УЈП: Државните субвенции ниту се, ниту можат да бидат даночна тајна

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Даночните експерти не се согласуваат со Управата за јавни приходи дека идентитетот на компаниите кои добиваат државна парична помош треба да биде даночна тајна. Напротив, нивните имиња треба да и станат познати на домашната јавност.

Фактор минатата недела побара од даночните власти да ни го дстават списокот со компании кои добиле пари врз основа на владината мерка со која држвата покрива 50 отсто субвенции од социјалните придонеси за исплата на платите на нивните работници. Од УЈП ни одговорија дека идентитетот на овие компани не може да се обелодени, бидејќи станувало збор за даночна тајна.

Но, после нашиот текст, со реакција се јавија дел од даночните експерти, кои објаснија зошто не треба да бидат даночна тајна компаниите што добиваат државни субвенции.

Славко Лазовски, експерт за даночни прашања, вели дека во овој селучај не се работи за даночна тајна, туку за државна помош.

„Прво, и од самата Уредба е јасно дека се работи за субцвенционирана исплата, а тоа го потврдува и УЈП во своето образложение за недавање на податоците. Во членот 5, став (2), прва алинеја од Законот за контрола на државната помош, стои дека субвенциите се облик на државна помош“, објаснува Лазовски.

Овој експерт укажува како законски е дефинирана даночната тајна. 

„Членот 9 од Законот за даночната постапка вака ја дефинира даночна тајна: ‚документи, информации, податоци или други факти до кои е дојдено во даночната постапка'“. 

Но, даночната постапка, вели Лазовски, е дефинирана како постапка во која се утврдуваат и наплатуваат даноци. Во случајот со субвенционирањето на придонесите ниту се утврдуваат, ниту се враќаат даноци.

„Во конкретниот случај, ниту се наплатуваат, ниту се утврдуваат, ниту пак се враќаат даноци. Поединечните субвенционирани износи не стануваат јавна давачка со самиот чин на пресметување според големината на одредена јавна давачка, тие и понатаму се облик на државна помош. Парите за субвенционираните исплати доаѓаат од буџетот, тие се јавни добра и ако се од даноци (и идни даноци, односно задолжувањата) за нив нема даночна тајна“, дециден е Лазовски во својата реакција.

Овој експерт нагласува дека во суштина, даноците се јавни добра уште во моментот на нивното настанување (раѓање), без разлика дали ќе бидат целосно собрани или не, но поради нивната силна персонализација, од 2006 година,  Македонија избра да ги прогласи за даночна тајна. 

„Кога ќе бидат уплатени на уплатната сметка (некогаш беше јавна уплатна сметка, а сега само уплатна сметка), како агрегатен податок престанува да биде даночна тајна и од тука натаму нема никаква тајна, па најмалку даночна“, нагласува Лазовски.

А како што веќе пишуваше Фактор, за УЈП е даночна тајна кои компании во земјава добиле парична помош од државата за исплата на плати за своите работници, односно субвенција од 50 отсто од придонесите за социјално осигурување за април, мај и јуни оваа година.

Од УЈП ни рекоа дека согласно Уредбата, Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирањето, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите, а податоците за одобреното субвенционирање за плаќање на придонесите, УЈП ги доставува до Министерството за труд и социјална политика. Тоа, пак, го уплатува износот на посебни сметки за придонеси од задолжителното социјално осигурување.

 „Управата за јавни приходи е должна да го почитува начелото на даночна тајна согласно чл.9 од Законот за даночна постапка, и ќе се огради од давање одговори и информации за компании на кои им е намален износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите“, се вели во одговорот што Фактор го доби од Управата за јавни приходи.

Инаку, дел од медиумите веќе објавија имиња на компании, но и суми на добиени средства, по основ на мерката 50 отсто придонеси, од вториот сет економски мерки за помош на компаниите погодени од корона кризата.

Сепак, тие засега се во зоната на неофицијална информација, бидејќи УЈП смета дека не треба да бидат обелоденети пред граѓаните.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“