10 Декември, 2025
1.2086

ЗА УЈП Е ДАНОЧНА ТАЈНА КОИ ФИРМИ ДОБИЛЕ ПАРИ ОД ДРЖАВАТА - за мерката 50 отсто придонеси имињата ќе останат непознати

Објавено во: Економија 28 Мај, 2020 12:09

Добивај вести на Viber

За Управата за јавни приходи е даночна тајна кои компании во земјава добиле парична помош од државата за исплата на плати за своите работници, односно субвенција од 50 отсто од придонесите за социјално осигурување за април, мај и јуни оваа година.

Фактор ја замоли Управата за јавни приходи да ни испрати список на сите компании од земјава кои имаат добиено средства од државата по основ на мерката субвенции на 50 отсто од придонесите на платите на вработените.

Прво бевме известени дека списокот ќе го добиеме, но ќе биде потребно повеќе време за да се извадат од системот имињата на фирмите. Дел од овие компании, пак, некои од медиумите, веќе и ги објавија неофицијално.  

Потоа од УЈП ни рекоа дека таква листа не можат да ни достават, бидејќи имињата на компаниите се даночна тајна. На нашата реакција и инсистирање зошто би бил даночна тајна идентитетот на компаниите кои добиле државна помош, што се всушност пари на сите даночни обврзници од земјава, даночните власти, и по еднодневно размислување, остануваат на својот став дека имињата на овие компании не треба да бидат јавно откриени во јавноста.

Еве всушност каков одговор добивме од Управата за јавни приходи.

„Во врска со Вашите прашања известуваме дека согласно Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба на работодавачите за месеците април, мај и јуни 2020 година им се субвенционира износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување во висина од 50 отсто од пресметаните придонеси од задолжително социјално осигурување од страна на обврзникот, но најмногу до 50 отсто од придонесите од задолжително социјално осигурување пресметани на просечната бруто плата по работник, според податоците на Државниот завод за статистика објавена во месец јануари 2020 година. Условите за користење на оваа мерка се содржани во самата Уредба бр. 44-3708/1 од 5 мај 2020 година објавена во Сл. весник на РСМ бр. 92/2020 и бр. 116/2020.“, се вели во одговорот од УЈП.

Натаму, додаваат даночните власти, согласно оваа Уредба, Управата за јавни приходи, за осигурениците за кои е одобрено субвенционирањето, го намалува износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите, а податоците за одобреното субвенционирање за плаќање на придонесите УЈП ги доставува до Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика, пак, го уплатува износот на посебни сметки за придонеси од задолжителното социјално осигурување.

 „Управата за јавни приходи е должна да го почитува начелото на даночна тајна согласно чл.9 од Законот за даночна постапка, и ќе се огради од давање одговори и информации за компании на кои им е намален износот на обврската за плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурување за износот на одобреното субвенционирање на придонесите“, се вели во одговорот што Фактор го доби од Управата за јавни приходи.

Инаку, дел од медиумите веќе објавија имиња на компании, но и суми на добиени средства, по основ на мерката 50 отсто придонеси, од вториот сет економски мерки за помош на компаниите погодени од корона кризата.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

Овие седум вештини можат да ви ја подобрат кариерата, можете да ги научите за помалку од месец

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

РАБОТА E ЛЕСНО ДА СЕ НАЈДЕ, А ПОЛА ПЛАТА Е ДОВОЛНА ЗА УДОБЕН ЖИВОТ: Откриена е нова ветена земја за Балканците

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Има ли ризици за цената на златото во 2026 година?

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат

ИЛИ ВОДА ИЛИ ЦАРИНИ: Трамп има услов за Мексико

ИЛИ ВОДА ИЛИ ЦАРИНИ: Трамп има услов за Мексико

Колкава е инфлацијата во Македонија?

Колкава е инфлацијата во Македонија?

МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија

МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства

Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства