ЕКСПЕРТИТЕ СОЗДАДОА: Маска што ја убива короната
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Август, 2020
Маска што ја убива короната. Се појави и ваков изум.
Научниците во Португалија објавија дека направиле маска која го убива вирусот.
Тие создадоа маски со специјална обвивка што помага да се „деактивира” коронавирусот во контакт со ткаенината од која се направени, пишува Еуроњус.
Експертите тврдат дека заштитата на маските останува дури и по 50 миења, што ја прави многу отпорна.
„Премазот на маската за време на работното време може да ја намалат шансата некој да се зарази за 99 проценти“, изјави Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон (ИММ).
Сепак, вели дека потребно е и одржување физичка дистанца.
Кај нас пак се советува да се избегнува маска со вентил.