Експертите со став за задолжувањата на државата: Дотука било!
Објавено во: Финансии 14 Мај, 2013 08:32
Владата повеќе нема фискален простор за натамошни задолжувања. Со јавен долг на Централната Влада од речси 34 отсто, а со незначителни стапки на економски раст, секое натамошно задолжување може да не чини скапо. Ова за “Фактор“ го велат економистите, коментирајќи ги податоците за континуиран пораст на задолжувањата во последните пет години.
“Според мое мислење фискалниот простор за натамошни задолжувања е потрошен.Сегашното ниво на задолженост ќе влијае врз “цената“ на сите евентуални натамошни задолжувања. Кога се одредува каматата на задолжувањата, за кредиторите е исклучително важно нивото на задолженост на една земја“ – изјави за “Фактор“ Марјан Николов од Центарот за економски анализи.
И во својот последен Извештај, Европската комисија посочи дека и годинава ќе продолжи темпото на пораст на јавниот долг. Според проценките на ЕУ, годинава ќе ја завршиме со јавен долг од 34,3%, а во 2014 тој ќе се искачи на 36,1% од БДП. Еврокомесарот Оли Рен неодамна изјави дека македонската економија покажува знаци на опоравување, но дека опасност за економиите ќе бидат токму задолжувањата.
“Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже за самата ЕУ, за еврозоната и за поголем број од земјите-членки на големото европско друштво. Она што не загрижува е податокот што јавниот долг продолжува да расте и во ЕУ. Годинава е прогнозиран на 89,9% од БДП, додека во еврозоната на 95,9%, иако максимум дозволено е 60% од БДП. А, долгот во некои земји е неодржлив “ - заклучи еврокомесарот Оли Рен по повод економска прогноза на Комисијата.
Токму сеуште присутната криза во Европската Унија е еден од факторите што генерираат ризици по домашната економија, вели Николов.
Тој посочува дека за разлика од Европската Унија, Америка се одлучи на печатење на долари, што во суштина не е проблем за американската економија, но тоа е директен удар за сите останати.“Ние се наоѓама на неодржлива патека, ризиците се големи. Она што е клучно е што не гледам на кој начин владата ќе реагира на тие ризици. Прво, ризикот доаѓа од Европската Унија како социјално-економски и политички партнер на земјава. За разлика од Америка, Европската Унија почна политика на штедење како механизам во борбата против кризата. Токму оваа политика може да ја втурне ЕУ во јапонското сценарио за “изгубена економска деценија“ – објаснува Николов.
“Мислам дека и Европската Унија ќе биде во искушение и таа да направи вакви квантитативни поместувња. Во услови на вакви екстерни ризици и фактори, европските економии и натаму ќе бидат заглавени во криза а интензитетот на влијание врз македонската економија ќе биде посилен“ – смета Николов.
Две сценарија за растот на долгот
Неодамна Центарот за економски анализи објави истражување во кое се разработуваат две сценарија за натамошното темпо на задолжување на земјава. Според првото сценарио, при примарен дефицит од 2,1%, долгот на Централната Влада би надминал 40% од БДП во средината на 2015 тата година. Во второто сценарио, при примарен дефицит од 1,4%, долгот на Централната Влада побавно би се продлабочувал, со што границата од 40 отсто од БДП би се достигнала во 2018 та година. Според едно истражување што било спроведено од страна на Меѓународниот Монетарен Фонд, во 2007 ма година се сугерира дека јавниот долг од 25% се смета за разумно ниво за задолжување на Македонија Бруто надворешниот долг на портата од 70 % Според последните податоци на Народната Банка, 2012 та година заврши со Бруто Надворешен Долг од 5 милијарди 163 милиони евра или достигна 69% од Бруто Домашниот Производ. Долгот на државниот сектор изнесува скоро 2,1 милијарди евра додека долгот на приватниот сектор кон странство надмина 3 милијарди евра. Анализата на трендот на движење на Бруто Надворешниот Долг укажува на тоа дека во однос на салдото од крајот на 2011 та година, има пораст од 315 милиони евра, при што растеле надворешните задолжувања и на државниот и на приватниот сектор. Анализирано од аспект на рочноста на задолжувањата кон странство, поголемиот дел, или 3,4 милијарди евра се во форма на долгорочни обврски додека 1,7 милијарди евра се краткорочни задолжувања. Д.А.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





