Добивај вести на Viber
Силна експлозија на гасовод денеска ги вознемири дел од жителите на Истанбул, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Инцидентот се случил за време на изведба на градежни работи за изградба на метро линија, a нема повредени лица.
Експлозијата се случила во 9:30 часот во истанбулскиот кварт Ускудар, во азискиот дел на градот. Луѓето во областа на инцидентот во паника го напуштиле местото по силната експлозија.
На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила. Екипи на истанбулската компанија за транспорт на гас моментално работат на спречување на истекувањето на гас.