Експлозија во хидроелектрана - три лица настрадаа
Објавено во: Балкан 02 Август, 2018
Тројца луѓе загинаа во хидроелектраната Уна Костела кај градот Бихаќ во БИХ денеска околу 13.20 часот, откако имало експлозија поради протекување гас.
„Со излегување на терен, констатирано е дека дошло до протекување гас во објектот каде што работниците на Електродистрибуција БИХ најверојатно работеле на ремонт на постројката“- велат од полицијата.
Едно лице е во критична состојба.