Добивај вести на Viber
Седум автомобили настрадале во приморски град Котор кој важи за познато туристичко место во Црна Гора, откако се случула експлозија на местото каде што стоеле возилата. Како што неофицијално соопшти весникот „Вијести“, нема повредени во експлозијата.
Настанот се случил во населбата Доброта, а потврда даде и црногорската полицијата. Сксплозивната направата била фрлена на паркинг, пред куќата на семејството Вуковиќ.
Притоа настрадале пет автомобили, сите со странски регистерски таблички, една камп приколка и два автомобила од марката „мерцедес“ со домашни регистрации.
„Офанзивна бомба кашикара ги оштети стаклата на шест автомобили на паркингот пред куќата и на објектот за чуварот“, изјави сопственикот Вукотиќ за радио Котор кој посочил дека на паркингот немало негов автомобил па не знае за кого била наменета бомбата.