Експлозија“ во НЛБ Банка!!! Кредитирањето порасна за 40 милиони евра, профитот достигна 18,4 милиони евра!
Објавено во: Финансии 30 Јули, 2021 15:29
Катализатори на растот на добивката се: останатите приходи (продажба на движен и недвижен имот) и солидниот раст на приходите од провизии и надоместоци. Овие две ставки во комбинација со главната приходна ставка што банката успеа да ја одржи на ниво од лани и покрај генералниот пад на каматните стапки. Менаџментот за овие шест месеци заврши голема работа! Депозитите се зголемени за 45 милиони евра, а кредитирањето порасна за 40 милиони евра!
НЛБ Банка има исклучително успешно полугодие! Во првата половина од годинава официјалните податоци од билансот на успех покажуваат дека банката го зголемила профитот за 5,7 милиони евра во споредба со истиот период лани. Добивката на периодот јануари – јуни годинава изнесува 18,4 милиони евра. Во споредба со еден од двата најголеми ривали на пазарот, добивката на НЛБ Банка во споредба со Комерцијална банка е поголема за речиси 5 милиони евра.
Нето приходите од најважната приходна ставка за првото полугодие изнесуваат 23,7 милиони евра што е речиси на идентично ниво како и во минатата година. А резултатот е постигнат во услови на генерално снижени каматни стапки.
Нето приходите од провизии и надоместоци се 9,5 милиони евра и во споредба со истиот период претходната година бележат раст од 1,27 милиони евра што е за 15 отсто подобро од претходната година.
И сега клучниот генератор на експлозивниот раст на добивката: останатите приходи од дејноста т.е. ослободување од залог, хипотека и нивно претворање во ликвидни средства. Банката за овој период остварила 9,1 милиони евра од продажба на имот што бил превземен од ненаплатени побарувања. Тоа е реализација што е за 4 пати повеќе од првото полугодие во минатата година.
На страната на трошоците издвојуваме: резервациите изнесуваат 7,08 милиони евра и тие се намалени за 4 отсто во споредба со претходната година. Трошоците на банката за своите вработени изнесуваат 7,3 милиони евра и растат во споредба со претходната година што укажува на тоа дека банката води грижа за своите најзначајни ресурси. Останатите трошоци од дејноста изнесуваат 7,55 милиони евра и се за зголемени за речиси еден милион евра во споредба со претходната година.
Банката во овој период успеала да ја зголеми депозитната база за речиси 45 милиони евра! Официјалните податоци покажуваат дека на крајот на јуни таа изнесува 1,336 милијарди евра. Во овој период банката има солиден раст на кредитното портфолио кое достигнува 982,5 милиони евра што е за 40 милиони евра повеќе од крајот на 2020 година!
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





