14 Декември, 2025
0.0778

ЕЛЕНА ЛУКА со својот гламур и раскош повторно го освои Виенскиот бал

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2025 13:58

Добивај вести на Viber

ЕЛЕНА ЛУКА го донесе најпрестижниот гламур и модно доминираше на 24-то издание на Виенскиот бал, викендов во хотелот Александар Палас.

Целиот раскош и убавина што самиот настан го носи со себе, совршено се поклопува со естетиката што ЕЛЕНА ЛУКА ја создава, па токму затоа нашиот докажан бренд и годинава беше избор број еден за голем дел од дамите на балот.

Пред официјалниот почеток ја имавме честа да поразговараме со ЕЛЕНА ЛУКА за соработката со австриската амбасада и актуелните колекции и проекти на брендот.

„ЕЛЕНА ЛУКА на овогодинешниот бал е присутна со 60-тина свои ексклузивни креации и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите што ја следат работата на ЕЛЕНА ЛУКА, на дамите кои и годинава одбраа да носат наши тоалети меѓу кои е сопругата на амбасадорот, г-ѓа Аида Памер. Воедно сакам да се заблагодарам и на амбасадорот, Н.Е Мартин Памер за поканата и за традиционално успешната соработка и пријателство. Нашиот бренд е присутен на балот долго време, 15-тина години и затоа за мене ова е една посебна вечер. Морам да кажам дека ваква убавина со овие прекрасни млади луѓе присутни вечерва на оваа престижна манифестација, досега се нема случено. Оваа година ЕЛЕНА ЛУКА во соработка со австриската амбасада и со трите скопски гимназии Корчагин, Јосип Броз и Никола Карев, обезбеди покани за 35 средношколци со иницијатива да овозможиме одблиску да се запознаат и едуцираат за културата на Виенскиот бал. Момците и девојките се облечени во најновата колекција пролет/лето 2025 која вклучува навистина екстравагантни свечени крации. Виенскиот бал е секогаш убав и значаен повод, кога македонската и австриската култура се спојуваат. Ние како бренд постојано се едуцираме за организацијата и протоколитеза настаните како што е Виенскиот бал, а од друга страна тие имаат можност да посведочат дека и ние овде имаме висока мода и дека сме рамо до рамо со светската мода“, изјави ЕЛЕНА ЛУКА.

Меѓу големиот број дами кои вечерта носеа екстравагантни креации на ЕЛЕНА ЛУКА, беше и сопругата на амбасадорот, г-ѓа Аида Памер.

„Конкретно креацијата што вечерва ја носи госпоѓата Аида Памер, една раскошна тоалета во пастелна нијанса изработена од убав органтин, соврешено прилега на сензитивна и убава дама како што е токму таа. Ние сме пред се добри пријателки, имаме многу заеднички погледи особено кога модата е во прашањеи чест ми е што таа вечерва повторно одбра креација на ЕЛЕНА ЛУКА, како и минатата година. И секако чест ми е што сум вечерва овде, заедно со прекрасните матуранти кои му дадоа на овој бал една свежина и нова енергија. Тимот на ЕЛЕНА ЛУКА имаше можност да биде и во неколку наврати да присуствува на балови во Виена и да види што таму се носи на гламурозната вечер и мислам дека можеме да бидеме достојно конкурентни на таа мода“, потенцираше ЕЛЕНА ЛУКА.

Меѓу покровителите на овој настан традиционално е Австриската амбасада во Македонија, предводена од амбасадорот, господинот Мартин Памер и неговата сопруга Аида Памер, која изгледаше перфектно во креацијата дизајнирана од ЕЛЕНА ЛУКА.

„Прво сакам да се заблагодарам на ЕЛЕНА ЛУКА за прекрасниот фустан што го носам, ова е втора година како сум облечена во нивна креација, којашто не само што изгледа одлично, туку е и практична и лесна за движење. Исто така и вчерашната ревија на брендот во нашата резиденција беше навистина прекрасна. Морам да кажам дека со госпоѓата Елена дека уште од првата средба се спријателивме. Таа е извонредна жена која зрачи со посебна енергија. Балот годинава е посебен токму поради младите деца кои дополнително го разубавија настанот со прекрасните креации на ЕЛЕНА ЛУКА“, изјави г-ѓа Памер.


На разговорот се надоврза амбасадорот којшто зборуваше и за значењето и традицијата на балот.

„Австриската амбасада секоја годинае  вклучена во организација на балот. Конкретно во Австрија имаме 1500 балови во текот на годината. Целта на балот е луѓето да се дружат, да се споделува радост, да се слушне убава музика, да се игра и да се стави акцент на културата секако. Ние сме многу горди што ЕЛЕНА ЛУКА е долги години партнер на балот. Како што можете да видите и вечерва, ЕЛЕНА ЛУКА за оваа прилика дизајнираше  прекрасни балски фустани. Дел од дамите од амбасадата ги одбраа токму нивните креации за настанот. Мислам дека е навистина одлично што македонски бренд е присутен на Виенскиот бал. Годинава како новости на балот се квадрилата, тоа е танц што се игра на полноќ и за прв пат пее и Калиопи како почесен гостин.“ изјави амбасадорот  Памер.


Водителката на настанот Вера Мештеровиќ, која е долгогодишен соработник на ЕЛЕНА ЛУКА беше исто така облечена во уникатна и авангардна креација од нашата етаблирана модна куќа.

Со неа зборувавме за Виенскиот бал и долгогодишната соработка со ЕЛЕНА ЛУКА.

Оваа година традиционално, по 24 пат го организираме Виенскиот бал во Скопје заедно со нашиот партнер ЕЛЕНА ЛУКА. Годинава имавме и повеќе настани пред самиот бал со цел да го најавиме. Она што е значајно овој пат е што ЕЛЕНА ЛУКА направи еден многу благороден гест за младите коишто ни доаѓаат од три скопски гимназии - да бидат дел од ова културно случување. Годинава имаме и дополнително изложба на креации од ЕЛЕНА ЛУКА. Јас исто така носам нивна фантастична креација во боја којашто е актуелна, а естетиката на самата тоалета е навистина гламурозна и екстравагантна, она по што ЕЛЕНА ЛУКА како модна куќа е препознатлива.

Годинава за прв пат ЕЛЕНА ЛУКА обезбеди покани и за 35 матуранти од три скопски гимназии. Со овој благороден гест модната куќа уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија која секогаш има иницијатива за проширување на културните видици особено кај младите генерации.

Преку овој несебичен потег на младите им се овозможува ретка можност да бидат дел од еден ваков културен настан и да научат нешто повеќе за австриската традиција.

Разговаравме и со уметничкиот директор на настанот Оливер Арсовски.

Концептот е усвоен од Виена затоа што се оди според назначени правила. Со самото свечено отворање има одредена процедура, се отвора со полонеза, па следи радетски марш, а потоа има говор од амбасадорот. Откако ова ќе заврши имаме програма од националниот балет, исто така и поп диско музика, од други национални балети. Со ЕЛЕНА ЛУКА имавме многу соработки низ годините и морам да кажам да не беа тие дамите ќе имаа многу голем проблем да најдат соодветни фустани за балот. Одлично се разбираме и ЕЛЕНА ЛУКА е навистина голем поддржувач на овој настан.


ЕЛЕНА ЛУКА исто така имаше и своја изложба на Виенскиот бал, којашто никого не остави рамнодушен. Гламурот и раскошнитe тоалети, изработени од ексклузивни ткаенини само се надоврзаа на балската приказна во Александар Палас.

За поздравување е и импресивната бројка од над 60 уникатни креации со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА коишто заблескаа и ги носеа дел присутните дами на свечениот настан.

Со оглед на хуманитарниот карактер на овој настан, годинава собраните средства од Виенскиот бал ќе бидат донирани на семејствата на настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.

ПР објава



Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија