Добивај вести на Viber
Елизабета Чингаровска денеска е избрана за нов претседател на Комисијата за Хартии од вредност. Собранието ја потврди одлуката Чингаровска да дојде на испразнетото место во Комисијата, каде досега прв човек беше Марина Наќева Кавракова.
Чингаровска во Комисијата за хартии од вредност доаѓа од челната позиција на пазарниот инспекторат.
Исто така за нови членови на комисијата се избрани Миљаим Ајдини, Михаил Петковски, Александар Стојков и Сејдија Фазлиоски. Мандатот на комисионерите е пет години со можност за реизбор.