Добивај вести на Viber
Компанијата Мубадала од Обединетите Арапски Емирати, при минатонеделната посета на Белград, пројавила интерес за инвестирање во Телеком Србија, пишува денеска српскиот весник Блиц. Имено, делегација од компанијата, се заинтересирала за заедничка инвестиција во таканаречениот “дејта центар” од истата фирма.
Се работи за место каде што се сместени сите компјутерски системи и нивните компоненти. Овие центри чинат помеѓу 100 и 300 милиони долари.
„Тие сакаат да инвестираат во изградбата на телекомуникациската инфраструктура, односно во мрежата на базни станици, која подоцна би ја давале на заем на операторите. Заинтересирани се за намерата на Србија до крајот на годината да распише конкурс за лиценца за 4G мобилна телефонија” - тврдат извори за весникот.