19 Декември, 2025
0.0887

Енергетска одржливост за успешна електрична мобилност предводена од Порше Македонија

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2022 13:41

Добивај вести на Viber

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 13 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Турбо полначи со капацитет од 160kW, 5 полначи со моќност од 22 kW, 5 полначи со моќност од 11 kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.

Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.

“Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 13 станици за полнење, но набрзо очекуваме да ги инсталираме преостанатите 4 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе изнесува повеќе од 500 kW. – изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Инсталирана фотоволтаична централа со капацитет од 210kW.

Со активацијата на фотоволтаичната централа, 42.4% од вкупната потрошувачка на електрична енергија е обезбедена од производството на фотоволтаичната централа. Дури 204.616 MWh од вкупно 482.513 МWh, колку што изнесува предвидената потрошувачка на електрична енергија за една календарска година ќе биде произведена од природен извор на обновлива енергија.

Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата.Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани 16 полначи на 8 клучни точки низ целата држава.

Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА