26 Ноември, 2024
0.0275

ЕНЕРГЕТСКА СИРОМАШТИЈА: Граѓаните обично загреваат по една соба

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Граѓаните велат дека не сите можат да си дозволат да го загреваат целиот дом во зима. Повеќето загреваат само една соба, со цел да заштедат. Но, ваквиот тип на штедење си влијае на квалитетот на живот. Експертите претходно говореа на темата дека дел од граѓаните загреваат само една соба.

Независно дали се греат на дрва или струја, луѓето се трудат да заштедат.  Бројките од претходните години покажуваат дека македонските домаќинства трошат од 3 до 10 кубици дрва за огрев.

„Имаме површина од 90 квадрати, но загреваме една соба, а се грееме на дрва“, вели граѓанин.

Пензионер исто вели дека загреваат само една просторија.

„Ние со сопругата сме двајца, загреваме само една соба. Живееме во стан од 50 квадрати и толку можеме да си дозволиме“, додава Иво П. пензионер.

Но, оние кои се подобро ситуирани, велат дека загревањето за нив не е проблем.

„Јас загревам цел кат од куќата. Се грееме со пелети. Кој како си може, сите луѓе не можат да си дозволат да загреваат цела куќа“, рече Зденка Р. граѓанка.

Во екот на енергетската криза, граѓаните се фокусираа да се греат на дрва. Познавачите велат дека ако граѓаните сакаат да бидат комотни, односно да ја загреат целата куќа, тогаш во зима можат да потрошат 12 или 13 метри кубни огревно дрво.

„Пензионерите не можат да штедат според мене, тие си палат оган, цел ден се дома, а помладите кои се вклучени во работен процес, тие одат на работа и домот го загреваат само попладне, неколку часа. Поретко се случува некој да сака да ја загрее целата куќа, ако има можности, а за тоа ќе потроши над 10 кубици дрва во сезоната“, додава шумарски инженер.

Неможноста за обезбедување на соодветно греење во домот и немањето пристап до други основни енергетски услуги по разумна цена, проблемот на покривање на потреби како топла вода, осветлување, греење, ладење, подготовка на храна или недостиг од средства за покривање на трошоците за енергетски услуги, се проблеми со кои се дефинира енергетската сиромаштија. Тоа значи дека домаќинствата живеат со просечната дневна температура во домот пониска од биолошката граница од 21 степен, неопходна за удобност и здравје. Според статистиките објавени претходните години, 76 проценти од домаќинствата се греат на огревно дрво и загреваат најмногу  од 16 до 20 метри квадратни од станбениот простор.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/user15285612

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

СКОПЈЕ ПАК ВО ТОП 10: Сараево е најзагадениот град во светот и таму преземаат мерки

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите