Ентони Фаучи прогнозира какви размери ќе има вирусот до крајот на годинава
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Ноември, 2020
Бројот на жртви oд Ковид-19 во САД може да се искачи на повеќе од 300.000 до крајот на годината ако пандемијата продолжи на истата патека, вели доктор Ентони Фаучи, пренесува „Њујорк пост“.
Директорот на Националниот институт за алергија и инфективни болести кажа дека изгледите се мрачни ако го видите бројот на починати.
Дневниот биланс на жртви се движеше помеѓу 1.000 и 2.000 во изминатиот месец, објасни Фаучи.
Тој вели дека Американците имаат моќ да ја променат траекторијата на пандемијата следејќи ги мерките за јавно здравје, како што се социјалното дистанцирање и носењето маска.
Тој претходно кажа дека и по вакцината ќе носиме маски и ќе мора да одржуваме дистанца.Во светот 59.7 милиони луѓе се заразени со коронавирусот.
САД е на врвот на листата со скоро 13 милиони заразени. Зад неа се Индија и Бразил, каде има 9 и 6 милиони заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.