16 Декември, 2025
0.2168

Ердоган ги забрани првомајските протести на Таксим

Објавено во: Балкан 22 Април, 2014 21:03

Добивај вести на Viber

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган нема да дозволи масовни собири на истанбулскиот плоштад Таксим за 1-ви Мај, денот на трудот. На потенцијалните учесници на првомајските протести им порача „да се откажат од своите надежи поврзани со Таксим“ и да ја прекинат борбата против државата. Сепак, Ердоган не ги забрани првомајските протести генерално, дури и им понудил на организаторите други локации и ветил дека до нив ќе организира превоз. Тој апелираше да не се нарушува мирот на населението, кое „не сака на улиците да доминираат камења и молотови коктели“. Левичарските движења во Турција немаат намера да ја почитуваат забраната и веќе најавија дека нема да се откажат од обидот да протестираат на Таксим, плоштадот кој стана симбол на нивниот отпор против Владата на Ердоган. Уште вчера полицијата употреби солзавец врз членовите на организацијата „Комитет 1 Мај“, во која членуваат претставници на синдикатот и на невладините организации, за да ги спречат да ги најават демонстрациите што се планирани на Таксим.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата