17 Декември, 2025
0.0458

Ердоган: Користењето контрацептивни средства е еднакво на предавство

Објавено во: Балкан 23 Декември, 2014 20:10

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оценил дека контролата на раѓањето деца е еднаква на „предавство“ и дека контрацептивните средства се закануваат да „пресушат цела една генерација“. „Едно дете или две...не се доволни. Како ќе ја направиме нашата нација посилна? Нам ни е потребна динамична и млада популација. Мораме да ја одведеме Турција едно ниво над модерната цивилизација“, рекол Ердоган. Според турскиот претседател едно дете значи осаменост, две значат ривалство, три значат баланс, а четири значат богатство. Ваквата изјава Ердоган ја дал за време на своето обраќање пред функционерите кои присуствувале на венчавката на синот на еден турски бизнисмен и негов близок сојузник, Мустафа Кефелиј, пренесува „Доган“. Ердоган истакнал дека контролирањето на раѓањето е „предавство на настојувањето на турската држава да се развие како нација со доминантно млада популација. „Во оваа земја противниците со години се вклучени во ова предавство обидувајќи се да го контролираат раѓањето со што се заканува „сушење“ на една цела генерација“, додал тој.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата