17 Декември, 2025
0.0344

Ердоган: На повидок се големи цивилизациски судири

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2015 19:23

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди денес на можни „судири на цивилизациите“ по брановите напади на милитантните екстремисти во Париз, велејќи исто така дека зад минатонеделните напади врз сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ се кријат напади на исламот. „Со голема загриженост ги следиме нападите на исламот кои се кријат зад нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Франција“, рекол Ердоган, кој стана се погласен критичар на она што тој го нарекува растечка исламофобија на Западот. „И покрај сите наши настојувања да го спречиме тоа, тезите за судир на цивилизациите стануваат се пореални“, истакнал турскиот претседател денес на состанокот со економистите во Анкара. Не спомнувајќи имиња, Ердоган, исто така, очигледно ги критикува и француските власти поради тоа што дозволиле Ајат Бумедиен, сопруга на еден од вооружените напаѓачи, да отпатува во Турција деновите по нападот, а за која се верува дека сега се наоѓа во Сирија. „Тие зборуваат за луѓе кои поминуваат низ Турција, но би требало прво да научат како да ги проверуваат патните исправи кога тие луѓе ја напуштаат нивната земја“, забележал турскиот претседател. Турција ја зголемила пограничната безбедност откако се соочи со критики дека им дозволила на стотици европски идни милитантни екстремисти да преминат во соседна Сирија и да и се придружат на радикалната група Исламска држава. Неименуван француски претставник претходно истакнал дека разузнавачката соработка на Париз и Анкара е силна и дека Турција не е виновна што не успеала да ја уапси Ајат Бумедиен, објави британската агенција „Ројтерс“.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата