06 Октомври, 2024
0.0272

Ердоган објави крај на мировниот процес со Курдите

Објавено во: Економија 28 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган засега нема намера да продолжи мировниот процес со Курдската работничка партија (ПКК).

"Невозможно" е да се преговара со оние "кои го напаѓаат нашето национално единство и братство", рече Ердоган. Турција ќе продолжи "со решителност" воената операција против позиции на "Исламска држава" (ИД) во Сирија против камповите на ПКК во Северен Ирак. Не може да стане збор за "чекор назад", појасни Ердоган, цитиран од Ројтерс.

Освен тоа, турскиот претседател најави и создавање на зона во Сирија, од која "Исламска држава" треба да биде избркана. Оваа "безбедна зона" ќе создаде услови за враќање на 1,7 милиони сириски бегалци од Турција назад во нивната татковина, рече Ердоган.

Уште во понеделникот американски претставник изјави дека Вашингтон и Анкара се договориле за создавање на "Слободна од ИД зона" во северниот дел на Сирија. Уште кон крајот на минатата недела беа откриени плановите на Анкара и Вашингтон да создадат заеднички контролиран тампон зона на турско-сириската граница, посочува агенцијата. Според договорот исламистичките борци ќе бидат туркани од речиси 110 километри лента во Северна Сирија на запад на Еуфрат. Повеќе детали ќе бидат објавени по итната средба на НАТО.

Во меѓувреме НАТО потврди солидарност со Турција во нејзината борба против исламистите. "Тероризмот претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО", се вели во заедничката изјава. "Ние ќе следиме внимателно развојот на јужната граница на НАТО".

Турција, која беше обвинувана дека долго време ја трпи и дури ја поддржува "Исламска држава", започна во последните денови воздушни напади врз позициите на терористите во Сирија. Во исто време турската армија нападна во северен Ирак и позиции на ПКК, која соработува со курдските единици во Сирија.

Критичари шпекулираат дали Турција наскоро не планира да го намали влијанието на Курдите во Сирија, отколку тоа на "Исламска држава". ПКК веќе објави малку по почетокот на нападите дека и од нејзина страна мировниот процес со Анкара е завршена. Турските власти, пак, стравуваат од создавање на курдска држава, која може да даде поттик на стремежот за независност на Курдите во Турција.

Тензиите меѓу турската влада и ПКК во последно време се зајакнаа значително. Една од причините е самоубиствениот напад во пограничниот град Суруч, при кој загинаа 32 граѓани и за кој се обвинува токму "Исламска држава". Многу Курди сепак, сметаат дека и владата во Анкара има вина. Тие ги обвинуваат властите дека ги толерирале предолго активностите на џихадисти. ПКК изврши неколку напади врз турски полицајци по нападот.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?