17 Декември, 2025
0.2537

Ердоган за прв пат повика состанок на кабинетот

Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2015 13:05

Добивај вести на Viber

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес повика состанок со министрите на владата, за прв пат откако во август дојде на чело на државата, објавуваат турските медиуми. Состанокот се одржал во претседателската палата во предградие на Анкара, која кон крајот на минатата година предизвика низа контроверзии поради нејзината големина и екстраваганција, пренесува „АФП“. Уставот на Турција му дава право на претседателот да повика и претседава со состаноци на кабинетот, со кои вообичаено претседава премиерот. Двајцата претходници на Ердоган, Ахмет Неџет Сезер и Абдула Ѓул, ја извршуваа оваа функција обично церемонијално и никогаш не претседавале со состаноците на министрите на владата. Ердоган е шестиот претседател во историјата на модерната турска република, воспоставена во 1923 година, кој претседавал со состанокот на кабинетот. Опозиционата партија во Турција истакна дека претседателот може да повика состанок на кабинетот само во вонредни околности и го обвини Ердоган дека ги надминува своите овластувања и сака поголема улога во работата на владата. Ердоган шест години доминираше на турската политичка сцена како премиер, а во август 2014 година беше избран за претседател.      

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата