ЕРДОГАН ЗА ВЛЕЗ НА УКРАИНА ВО НАТО: Тоа не е прашање што треба да се „избрза“
Објавено во: Свет 25 Септември, 2024
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предлогот на Украина за влез во НАТО не е прашање што треба да се „избрза“ и вели дека односите меѓу Турција и Русија ќе продолжат да се развиваат.
„Тоа се прашања што не треба да се избрзуваат и кога разговараме и кога донесуваме одлука, секогаш ја земаме предвид позицијата на другите земји-членки на НАТО, разговараме за овие можни прашања на маса и соодветно ја донесуваме конечната одлука“, рече Ердоган во интервју за NBC на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Претходно месецов, Ердоган рече дека полуостровот Крим треба да се врати на Украина и дека тој дава поддршка на Кримските Татари. Украина сака да влезе во НАТО со цел да се заштити од евентуални руски напади во иднина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.