15 Мај, 2024
0.0260

Ерменците молчат, Ердоган го осуди папата, а и “кравите“ знаат дека било геноцид

Објавено во: Балкан 15 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Протерано пред сто години во пустината да умрат од глад и жед, тепања или куршуми, било ерменското население во Отоманската империја, додека нивните потомци во современа Турција, од кои мнозинството морале да преминат во исламот, главно молчат за своите корени, а во светот сé уште траат полемиките дали станува збор за масакр или за "првиот геноцид" во XX век. Во масакрите кои во 1915 година ги извршиле османлиските Турци, убиени се 1,5 милиони луѓе, според Ерменија и други западни земји. Турција во поново време прифаќа дека многу Ерменци загинале во судирите кои започнале во 1915 година, но ја отфрла споменатата бројка убиени и дека станува збор за геноцид. Според официјална Анкара, бројот на загинатите е многукратно зголемен. И истакнува дека загинатите во прв ред биле жртви на граѓанска војна и немири во текот на распаѓањето на Османлиското царство. Во април 2014 година, тогашниот турски премиер, сега претседател, Реџеп Тајип Ердоган првпат им изрази жалење на внуците на жртвите на масакрите од 1915 година при што ја спомена „заедничката болка“. Убивањето на Ерменците во 1915 година било „ужасно злосторство“, но не и геноцид, изјави во понеделникот портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун – Стефан Дужарик. Со тоа Бан изрази несогласување со оцената којашто ја изнесе поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск кој во текот на неделната литургија задушница според латинско католичкиот обред заедно со ерменскиот патријарх Нерсес Бедреос XIX Тармуни во спомен на 100-годишнината од масакрот над Ерменците го нарече „првиот геноцид во XX век“. Оваа изјава на папата предизвика вистинска бура на релација Ватикан – Анкара, бидејќи турската страна тврди дека депортациите и убивањата на Ерменците во Отоманското царство во текот Првата светска војна не било геноцид. Armenian_woman_kneeling1   „Генералниот секретар е целосно свесен за чувствителноста која зад себе ја повлекува карактеризирањето на настаните од 1915 година“, изјави Дужарик. Генералниот секретар на светската организација, според неговиот портпарол, смета дека „утврдувањето на фактите“ за тие убиства преку истрага во која ќе соработуваат двете страни „ќе ја зајакне колективната решителност да се спречи некогаш да се повторат слични ужасни злосторства“, додаде Дужарик. Се огласи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој упати критики до Папата Франциско затоа што масовното убиство на Ерменци за време на Отоманската империја, пред сто години го оцени за "геноцид". - Го осудувам Папата и го предупредувам да не прави исти грешки и во иднина“, изјави Ердоган, додавајќи дека кога политичарите или верските лидери си играат историчари, тогаш резултатот е делириум, а не факт. Официјалното одбележување на стотата годишнина од ерменската трагедија ќе се одржи на 24-ти април во Ерменија, а меморијални настани се предвидени и во турската метропола Истанбул, каде токму на тој ден во 1915 година турската полиција уапсила повеќе од 200 најугледни и најбогати припадници на ерменската заедница, кои биле прогонети. Зошто молчат Ерменците во Турција? Многумина од потомците на тогаш прогонетите и масакрирани Ерменци, минале во исламот, и денес главно молчат за своите корени. Така, меѓу предците на Гафур Туркај само понекој успеал да го преживее споменатиот масакр. Неговиот дедо бил еден од малкумината коишто ја имале таа среќа. Педесетгодишниот Туркај седи во дворот на ерменската црква на свети Гирагос во Дијарбекир во југоисточна Турција и во репортажата на DPА раскажува дека омразата од тие времиња сé уште не исчезнала. „Имајќи предвид дека изразот ‘Ерменец’ и натаму се употребува како навреда, може да замислите колку е тешко“, вели Туркај. Туркај мисли на Реџеп Тајип Ердоган, кој пред да биде избран за претседател ланскиот август изјави дека „ривалите го обвинуваат дека е Грузиец или уште полошо – Ерменец“. Свети Гирагос е најголемата ерменска црква на Блискиот исток. Беше во урнатини до 2010 година кога е завршена нејзината реставрација, којашто главно ја финансираа турските Ерменци и ерменската дијаспора. Како член на управниот одбор на Фондацијата Гирагос, Туркај има забелешка и за Германците. Имено црквата посветена на свети Гирагос е користен како касарна за германските војници во текот на Првата светска војна кога царска Германија и отоманска Турција биле сојузнички. Сега, иако црквата е целосно обновена, ретки се верските обреди кои се вршат во неа. Денес има многу малку христијани меѓу Ерменците во Дијарбекир. Свештеник за верските празници доаѓа од Истанбул каде што живее најголемата ерменска заедница во Турција, ги има околу 60 илјади. До прогонот во Првата светска војна, Дијарбекир бил голем ерменски центар. „На почетокот од XX век, 60 отсто од населението биле христијани“, вели Туркај. „Три групи го преживеале геноцидот: децата, убавите девојки и занаетчиите“, објаснува Туркај. Неговиот дедо тогаш бил дете. Речиси сите преживеани минале во исламот, или присилно или бидејќи се надевале дека тоа ќе ги заштити. Меѓутоа, не зборуваат сите за своите корени. Дедото на Туркај го одгледало курдско семејство како муслиман. И самиот тој се образувал како муслиман, но бидејќи бил свесен за своите корени, се вратил во верата на своите предци и се крстел кога пораснал. Сé повеќе турски Ерменци ги преиспитуваат своите корени, иако само грст од нив се одлучиле на храбриот потег да се вратат или да се преобратат во христијанството напуштајќи го исламот во кој биле образувани и раснеле. „Се срамат или се плашат“, смета Туркај. Пред десет години само една брачна двојка во Дијарбекир го истакнувала својот етнички идентитет. Денес го има меѓу 300 и 400, вели Абдула Демирбаш, до неодамна градоначалник на тамошна градска населба. Мнозинството, сепак, останале муслимани. Ергун Ајик, претседател на Фондацијата Гирагос, вели дека само меѓу 10 и 20 отсто од тие Ерменци се крстиле. Иако обновувањето на црквата многумина ги направило свесни за своето ерменско потекло, и натаму остануваат муслимани. „Имаат семејства, имаат животи. Тешко им е (да се решат на таков чекор)“, вели Ајик. Ерменците во Турција и натаму се многу претпазливи да ги откријат своите корени пред другите. „Доколку не е неопходно, молчиме за тоа“, вели Ајик. ‘И кравите знаат дека бил геноцид’ Споменатиот Абдула Демирбаш, локален курдски политичар, нема дилеми за карактерот на настаните во Првата светска војна. „За мене тоа бил геноцид и злосторство против човечноста. Јас лично се извинив за тоа“. Турската држава низ историјата одбива тие случувања да ги нарече геноцид, а дилемата за тоа како да се нарече масакрот кој Ерменците ги чинел 1,5 милиони животи ја нарекува бесмислена. Турските политичари и изминатите два дена бурно реагираа откако во неделата папата Франциск рече дека Ерменците се жртви на првиот геноцид во XX век. Турција признава дека многу ерменски христијани загинале во судирите со војниците на Отоманското царство од 1915 до 1917 година, кога Ерменија била нејзин дел, но негира дека станува збор за стотици илјади луѓе и дека тоа било геноцид. Турското министерство за надворешни работи во своето соопштение оцени дека изјавата на папата за турскиот народ „без никаква вредност“. Туркај, исто така, смета дека расправата за ова прашање е бесмислена, меѓутоа од сосема поинаква причина. „За тоа навистина не би требало да се дебатира. Мојата баба одамна рече дека и кравите на пасење знаат дека тоа бил геноцид“. Туркај го обвинува и Германците. „Да не го поддржеле Османлиското царство, тоа не би се случило. Мислам дека Ерменците имаат право да ги мразат Германците уште сто нареди годни“. Ајик, пак, е поумерен. Дали германската влада ќе донесе одлука со којашто масакрот ќе биде прогласен за геноцид, нему не му е важно. „Извинувањето би било доволно“, заклучува. K.K

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи

СО ОВИЕ ВОЗИЛА НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА ОДИТЕ ВО ВАШИТЕ ОМИЛЕНИ МЕСТА ВО ГРЦИЈА! Новиот закон стапи на сила, се однесува на 2 категории возила, еве за што се работи