27 Ноември, 2024
0.0280

ЕРСТЕ ИНВЕСТИТОРСКИ ПОЈАДОК - Бесими: Од април наваму за прв пат платите реално растат, Бежоска: Кај нас инфлацијата сега забавува посилно од ЕУ

Објавено во: Финансии 25 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Какви се изгледите за натамошните движења на инфлацијата, како со тој проблем се справува светот, но и ние овде во Македонија, беа дел од темите на кои се говореше на денешниот настан Erste Investors Breakfast, во организација на Шпаркасе Банка.

Министерот за финансии Фатмир Бесим очекува дека ќе се намалува инфлацијата во наредниот период во земјава. Вели дека таа од двоцифрена лани, сега е едноцифрена, а до декември се очекуваат пониски бројки. 

„Намалувањето на инфлацијата, од аспект на макроекономските политики, е важна порака до стопанството“, рече Бесеими.

На новинарското прашање зошто граѓаните не го чувствуваат намалувањето на инфлацијата, туку сеуште се жалат на високите цени, министерот рече дека сите сме свесни дека во последниов период светот помина низ повеќе кризи. 

„Од ковид навака, веќе сме четврта година по ред, вие само тоа пешки да го изодите, а да не трчате, тоа не е мал период, во тоа време да ги издржите сите овие кризи. Ние како мало стопанство и економија која е високоинтегрирана на европскиот пазар, да издржиме четири години по ред ковид, енергетска криза, инфлациона криза... не е лесно. Ние во овој период веќе намалуваме цени и даваме јасна порака до стопанството, преземајќи притоа антикризни мерки за да се ублажат тие шокови. Ние во ниту еден момент не кажавме дека ќе можеме 100 отсто да го апспрбираме економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и во овој период тој ефект сме го ублажиле и ќе продолжиме и натаму. И граѓаните гледаат дека покрај тоа што се смируваат цените, имаше и раст на плати во јавниот сектор, а и во приватниот, значи тој процес е во економијата, е многу комлицирано да се менаџира, бидејќи работите се врзани. Платите влијаат врз трошоците, трошоците влијаат врз цените, цените влијаат врз стандардот и обратно, тоа е тој циклус кој е ризик за да не стане инфлациона спирала и менаџираме тоа да се стабилизира“, рече Бесими.

Првиорт финансиер нагласи дека од април годинава платите во земјава не растат само номинално, туку и реално, бидејќи инфлацијата се намалува, а нмоминалните плати растат. 

„Значи, платите реално растат. Но, тоа што е важно, за тој реален раст на платите да биде одржлив, тоа значи дека ќе треба да се зголеми продуктуивноста и конкурентноста на економијата“, рече Бесими, нагласувајќи дека вакви настрани се битни од аспект што стопанството и банките заеднички ќе пронаоѓаат идеи за инвестиции, за да се обезбеди финансирање за стопанството и за отворање на работни места, зголемување на производството и извозот, и тогаш на одржливо ниво ќе имаме зголемен раст и зголемени плати и повисок квалитет на живот. 

Според него, предизвиците продолжуваат, бидејќи војната во Украина не завршува, а на Блисјкиот Исток се отвори и нов конфликт.

„Откако САД и ФЕД прогласија дека ја добиле битката со инфлацијата, и се симна таа под 2 отсто, на што реагираа берзите и почнаа да се движат нагоре, но после почнувањето на војната на Блискиот Исток, берзите за две недели пак имаат паѓање и ФЕД да излезат повторно да ги зголемат каматните стапки“, рече Бесими. 

И гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласи дека инфлацијата во домашната економија и натаму забавува кај сите нејзини компоненти, и тоа посилно во однос на забавувањето на просечната инфлација во ЕУ, со што и јазот помеѓу стапката на инфлација кај нас и во еврозоната се стесни од 9 п.п. минатата година на околу 2 п.п.

„Сепак, новото глобално окружување и натаму е придружено од многу предизвици за нашата мала и отворена економија, што наметнува потреба од внимателност на макроекономските политики и спремност за натамошно соодветно приспособување заради ценовната стабилност, којашто е и предуслов за одржлив раст“, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на годинашниот „Ерсте инвеститорски појадок“ на банкарите и инвеститорите.

Минатата година светската инфлација се искачи на највисокото ниво во изминатите 25 години, што беше особено изразено кај економиите во развој, кога во најголемиот број од нив инфлацијата достигна двоцифрени стапки. 

„Сето ова придонесе за најкоординираното затегнување на монетарната политика во историјата од страна на 95 отсто од централните банки, вклучително и од Народната банка. Преку соодветна комбинација од мерки, вклучувајќи интервенции на девизниот пазар, постепено зголемување на основната камата и интервенција кај задолжителната резерва, како и поддршка на монетарните сигнали преку макропрудентните мерки, инфлацијата е намалена за две третини од највисокото ниво во октомври 2022 година од 19,8 отсто, на 6,6 отсто во октомври 2023 година на годишно ниво. Учеството на стоките и услугите, со раст од над 10 отсто во инфлацискиот индекс, е намалено на 29 отсто, од околу 70 отсто минатата година. Исто така, и кај инфлациските очекувања се забележува стабилизирање“, рече гувернерката.

Ангеловска-Бежоска истакна дека стабилноста на банкарскиот сектор е од суштинско значење за централните банки, за да можат непречено да ги спроведат потребните политики за закотвување на инфлациските очекувања. За непречено дејствување на централните банки за исполнување на нивниот основен мандат ‒ зачувувањето на ценовната стабилност, се потребни отпорност на банкарскиот и корпоративниот сектор, ефективни макропрудентни мерки, како и квалитетна супервизија. 

„Македонскиот банкарски сектор покажува висок степен на отпорност, со стапка на адекватност на капиталот на највисоко ниво од 2007 година наваму, од 18 отсто и добар квалитет на портфолиото со историски најниско учество на нефункционалните кредити од 2,8 отсто. Сепак, со оглед на ризиците, и натаму има потреба од внимателност и евентуално преземање дополнителни макропрудентни мерки со кои би се намалила веројатноста за стрес во финансискиот систем и следствено, би се зголемил просторот за делување на монетарната политика“, нагласи Бежоска.

Таа ги истакна и можните ризици од геоекономската фрагментација, како што е забавувањето на растот, особено за земјите од Западен Балкан коишто трговски и финансиски се многу отворени, а со тоа се и значително подложни на надворешни шокови.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ЗА БАНКАРИТЕ И ФОНДОВИТЕ НЕМА ЗИМА, ДРЖАВАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА И ПЛАЌА ДОБРИ КАМАТИ - нови обврзници од 90 милиони евра

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ФИЛИПЧЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Не е точно дека е со историски најниска камата

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

КОЛКАВИ СЕ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ? Еве кој зема највисока и каде

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

НИНА НЕДАНОСКА, ШПАРКАСЕ БАНКА, ЗА ФАКТОР: Се вклучуваме во пласирање на средствата од унгарскиот заем, така ќе градиме долгорочно партнерство со нашите клиенти

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

БОРБАТА СО СИВАТА ЕКОНОМИЈА КЛУЧНА ЗА ПОГОЛЕМИ ПРИЛИВИ ВО ДРЖАВНАТА КАСА – аналитичарите со забелешки за Буџетот за следната година

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОВТОРНО ПОРАСНА - во септември достигна 41.585 денари, еве кои сектори имаат најголем раст