Добивај вести на Viber
Очекувам дека Белград и Приштина ќе го спроведат сето она што го договорија во Брисел, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи.
„Мислам дека во Брисел и двајцата премиери, Тачи и Дачиќ, јасно ставија до знаење дека се посветени на тоа, нормализација на односите да продолжи и во текот на летото" - рече Ештон и најави уште една средба на двајцата премиери кон крајот на месецот.