15 Декември, 2025
0.0303

ЕСМ купува електрична енергија од снабдувач за 6,7 милиони евра месецов, следниот ќе потроши 15-тина милиони евра

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ месецов ќе плати 6.767.424 евра за електрична енергија што нема да ја произведе како државно електростопанство, туку ќе ја купи од надворешен снабдувач.

Струјата за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде купувана од словенечкиот снабдувач ГЕН-И во текот на целиот ноември по цена од 117,49 евра за мегаватчас за количество од 57.600 мегаватчасови. Договорот беше постигнат уште во јули по претходно распишан повик. 

Од ЕСМ потврдуваат дека електричната енергија веќе се користи за надополнување на производството што потоа го презема универзалниот снабдувач ЕВН и дека постигнатата цена, договорена во јули, се покажала како нешто пониска од актуелната на HUPX берзата при што ќе следува месечна заштеда од неколку стотини илјади евра. Средната цена на HUPX берзата деновиве е околу 123 евра по мегаватчас.

Во декември се очекува ЕСМ да плати многу повисока сума за увозна електрична енергија. За договор постигнат во јули, државните електрани на ГЕН-И ќе му платат 8.574.600 евра за струја по цена од 115,25 евра по мегаватчас, а во договор постигнат во октомври на ЕДС, Хсе Мак и ЕТМТ Енерџи заеднички ќе им се платат 6.289.776 евра. Тоа се вкупно 14.864.376 евра што ќе се потрошат за набавена електрична енергија во декември.

Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика е во завршни подготовки за формирање на новата цена на електричната енергија, која домаќинствата ќе ја плаќаат од први јануари. Регулаторна веќе ги доби пресметките за трошоците за пренос и дистрибуција на електричната енергија од МЕПСО, Електродистрибуција, „ЕВН Хоум“ и МЕМО. Одлуката за цената на новите тарифи треба да ја донесе најдоцна до 30 ноември и таа ќе биде на сила од следната година. Според информациите, не се очекува значителна корекција на цената на струјата од 1 јануари 2026 година.

Промената на цената на струјата, исто така,ќе зависи од цената по која ќе ја понуди ЕСМ струјата на тендерот на „ЕВН Хоум“, која во јули немаше промени и изнесуваше 62 евра за мегават-час. Поради тоа, цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи остана непроменета.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден