03 Јули, 2024
0.0256

ЕУ бара враќање на либерализацијата на пазарот на струја во Македонија

Објавено во: Економија 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Вчера Секретаријатот на енергетската заедница на ЕУ поднесе образложено мислење за нареднот чекор во случајот за решавање на спорови против Македонија за нејзиното одложувње за отварање на пазарот за електрична енергија. Директорот на секретеријатот рекол:

 „Одлуката на Македонија да се одложи целосното отворање на пазарот на електрична енергија, и со тоа да им се забрани на потрошувачите да го избираат својот снабдувач е уште едно одбивање на актуелната власт да ги прифатат обврските на земјата во рамките на Договорот за енергетска заедница и следствено на тоа, на законодавството на ЕУ. Овој тренд станува се повидлив и се манифестира преку неколку отворени прекршувања на прописите на Енергетската заедница, вклучувајќи го и непочитувањето на Вториот и Третиот енергетски пакет за правилата во секторот на природен гас при соработката со руските партнери. Актуелните проблеми во енергетскиот сектор ги потенцираат другите проблеми на земјата- растечката политизација во државните институции и драматично нарушената политичка состојба. Тоа што ние го сведочиме е растечка изолација на земјата од меѓународната заедница“.

Во образложеното мислење, понатаму Секретаријатот го повторува својот став дека измените на Законот за енергетика во земјата донесен во октомври 2014 година ги лишува малите бизниси и сите домаќинства од нивното право сами да изберат од кого да купуваат електрична енергија со што ги обврзува да продолжат со купување на електрична енергија од актуелниот монопол.

Одлагањето на целосна либерализација на пазарот до 2020 година претставува сериозно прекршување на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Отворениот пазар на електрична енергија е од суштинско значење за постигнување на целите на внатрешниот пазар на енергија. Од земјата сега се бара да се исправат овие прашања на неусогласеност и либерализацијата да се спровде во рок од два месеца.

Владата го оправдува одложувањето на либерализацијата на пазарот преку ризикот од „можно драстично зголемување на цените на електричната енергија за домаќинствата.“ Во реалноста, аргументот поврзан со потенцијални „ценовни шокови“, се чини дека е аргумент наменет за заштита на ликвидноста на актуелниот монопол, отколку заштита на граѓаните од „ценовните шокови“, пишува во соопштението од Секретаријатот на Европската енергетска заедница.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца