15 Декември, 2025
0.0331

„ЕУ Базен на таленти“: Преку оваа платформа ќе бараат работници од трети земји

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2025 18:27

Добивај вести на Viber

Европската Унија(ЕУ) преку онлајн платформа ќе бара работници од трети земји. 

Претставници на данското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска постигнаа договор за создавање на онлајн платформа наречена „ЕУ Базен на таленти“, која ќе има за цел да го олесни регрутирањето на работници од земји што не се членки на Унијата за вработување во секторите во блокот во кои има недостиг на работна сила.

Онлајн платформата, во која учеството на земјите членки ќе биде на доброволна основа, ќе ги поврзува компаниите основани во ЕУ што имаат слободни работни места со профилите на лицата од трети земји кои бараат работа и живеат надвор од Унијата.

Целта на „Базенот на таленти“ е да го направи пазарот на трудот на ЕУ поконкурентен и да се справи со недостигот на работна сила. Платформата ќе обезбеди сеопфатни и соодветни информации за барателите на работа од трети земји за нивните права и за работните услови во ЕУ.

Лицата од трети земји кои бараат работа ќе можат да креираат свои профили на платформата во кои ќе наведат информации за нивните вештини, квалификации, работно искуство и јазични вештини.

Оние странски државјани кои ќе добијат работа во ЕУ преку оваа платформа ќе мора да ги минат постојните националните процедури на земјите членки за аплицирање за дозволи за престој и работа.

Договорената регулативата за формирање на платформата „ЕУ Базен на таленти“ треба да биде и официјално одобрена од страна на земјите членки во Советот на ЕУ и од Европскиот парламент, по што ќе стапи во сила.

За да се спречи злоупотреба и можна експлоатација на работниците од трети земји, платформата ќе нуди целосна транспарентност во однос на работодавачите и нивното досегашно почитување на релевантното законодавство на ЕУ.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден