17 Декември, 2025
0.0406

ЕУ го советува Ципрас, оданочи ги богатите

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2015 14:11

Добивај вести на Viber

Политичката смена во Грција и промените кои ги најави новата влада не треба да бидат на штета на останатите Европјани, изјави германскиот министер за економија Зигмар Габриел. „Се разбира дека секој демократ треба да прифати демократска одлука на гршкиот народ, како и право на новата грчка влада да одреди нови правци. Но, истотака е точно дека и европските граѓани имаат право да очекуваат промените во грчката влада да не бидат на нивна штета“, рече министерот Габриел во говорот во Бундестагот. Според него, Европа не е одговорна за грчките проблеми, а Грција остварила значаен напредок и оживување на економијата. Министерот изрази надеш дека грчката влада ќе успее да ја уништи корупцијата и системот на профитирање на поединци кои со години ја доеле Грција кон пропаст и оцени дека земјата предолго била во рацете на неколку фамилии. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц кој денеска стигнува во Атина, подсети дека мнозинството во Европа не би се согласило да се отпише грчкиот долг кој е поголем од 175 отсто од нејзиниот БДП. „Но, ќе го охрабрам Ципрас да ги оданочува милијардерите кои своите пари ги скрија во странство. Тоа е краткорочно остварливо и ќе ни помогне во Брисел во борбата против даночното затајување“, вели Шулц за германскиот весник „Билд“ и додава дека оданочувањето на богатите е „полесно отколку да се поништи долгот на Грција“ . Американската рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ најави дека ќе го разгледа кредитниот рејтинг на Грција и најави можност за намалување на оценката. Ваквиот чекор се должи на најавите и потезите на новата грчка влада за отпишување на долгот и за промена на условите од договорите со меѓународните кредитори.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата