Добивај вести на Viber
Подобро да се организирате! Ваква порака на хрватските земјоделци им стигнала од Европската унија, веднаш по влегувањето на земјата во европскиот клуб.
Европската координација „Виа Кампесина“ предупредила дека малите економии, на големиот пазар од половина милијарда луѓе, ги очекува неизвесност, доколку поквалитетно не се организираат.
Претседателот на хрватската земјоделска комора, Матија Брлошиќ, ги потсетил земјоделците на облиците на организирање кои им стојат на располагање.
„Доколку сакаме да успееме во напредокот на земјоделството, посебно за малите и средни производители, мора да се воздржиме. Во размерите на производство во ЕУ ние произведуваме скоро занемарливи количини, но со здружување можеме да ги намалиме трошоците, полесно да произведеме квалитетни производи и полесно да пронајдеме купувачи кои се подгтвени да платат“, изјавил Брлошиќ.
Според податоците на Европското здружение на задруги, седум милиони селани имаат корист од задругите и придонесуваат кон заеднички напредок со колегите, а повеќе од половина од 13 милиони европски земјоделци се организирани во 38.000 задруги.