16 Декември, 2025
0.1182

ЕУ немаше јасна стратегија за Балканот, доцнеше зад САД, а и денес преферира двојни стандарди:Силјановска давкова за извештајот на Еу

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2025 14:37

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме.

- Ова не е време за реформи, за жал, бидејќи времето наликува на време за време на војна, или пред војна, и тоа не е време кога можат да се прават реформи. Но за мене, и претходно и сега ЕУ е уникатна политичка филозофија ја поддржуваат сите актери, јавноста на Балканот, ЕУ е перспектива, ЕУ е мотив за демократски реформи, Унијата стимулира реформи што водат до траен мир и стабилбост. Сигурна сум дека нашата интегрираност во ЕУ ќе стави крај на феноменот балканизација, како феномен на постојано менување на границите, рече таа.

Таа потсети на некогашната изјава на поранешниот еврокомесар Оли Рен дека не сме проблем за апсорпциониот капацитет на Унијата. Посочи дека ЕУ не е невин играч во се што се случуваше, туку „немаше јасна стратегија, доцнеше на Балканот, побрзи понекогаш беа САД, не беше доследна во мировното здружување, па и денеска преферира двојни стандарди“. 

-Извештајот има многу добри податоци и критики, што добро треба да се анализираат и да се постапи по нив, но исто така понекогаш оценките на Европската Унија во овие 16 извештаи во вордингот секогаш се раководат од некоја клучна цел, што е она што за ЕУ е најважно во моментот и за тоа го врзуваат и моментумот. Така е и во овој извештај. По 16 пати, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето, резултатите ги гледаме, потенцира претседателката. 

Таа истакна дека ЕУ понекогаш како да е опседната со важни моменти и датуми и сега слушаме дека ова е клучниот момент, повторно треба да се качиме на возот.

- Да, ова е важен момент, зошто? Заради тоа што сме соочени со нешто што е спротивно на основната идеја на ЕУ - ЕУ е мировен проект и се случува војна. И сега зборуваме за отпорност на трети влијанија, да, треба да бидеме отпорни, ама најотпорни ќе бидеме ако сме внатре во ЕУ. Она што мислам што не смее да се заборави се посебните критериуми за нас. Зошто ние толку долго го одиме овој маратон со пречки, зошто покрај Копенхагенските критериуми, ние добивме и дополнителни критериуми, но влеговме и во процес на Стабилизација и асоцијација. Кога зборувам за чуден вординг дека реформите се исплатат, и дека некои земји за година, две, три направиле квантни скокови во реформите, тоа не можам да го прифатам. Реформите се процес. Ако ние, кои влеговме во процес на Стабилизација и асоцијација, се уште не сме стигнале да бидеме реформирани, тогаш тоа зборува за нешто друго, зборува за филозофија на морков и стап, за терапевтско управување, за диригиран суверенитет, посочи Сиљановска Давкова. 

Според неа, сите оценки не можат да се апстрахираат од едно основно барање, а тоа е барањето за уставни измени.

- И кога го оценувам овој момент не можам да тргнам само од оваа констација дека годинава е најважна, туку најчесто извештајот е за период од три години. Во извештајот се вели дека нема исчекор или дека има ограничен исчекор или дека се потребни реформи. Мора еднаш прво да се ослободиме од вордингот дали има или нема политичка волја. Политичката волја е процес, таа се формира врз основа на анализа, врз основа на споредба за добрите и лошите страни и не може политичка волја да биде само нешто што оди на линија на она што е предвидено, рече Сиљановска Давкова. 

Претседателката коментирајќи го извештајот, посебно потенцираше за барањето за уставни измени.

- Можете да го видите извештајот на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците, дека „решенијата од овој закон се над европските решенија“. Зборувам за малцински прашања. Мислењето на Венецијанската комисија за Уставот на Бугарија тука се бара од Бугарија „правата на лицата што припаѓаат на националните малцинства мора да бидат заштитени на ниво на Уставот“. Колку држави во Европа имаат одредби за заштита на правата на малцинствата. Многу малку, дури и придавката „француски предлог“ не знам дали соодвевстува бидејки Франција има извонредно развиена демократија, но не ја потшишува Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, па затоа оваа придавка виси, нагласи Сиљановска Давкова. 

Претседателката оцени дека не е во согласност со темелните вредности и принципи и вредности на ЕУ, односно со членот 4 од Договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор, во кои се вели дека ќе се почитуваат уставните структури.

-Да не ја губиме енергијата наместо на реформи врзани за овој извештај, но потенцирам дека најчесто ние ја губевме енергијата на други прашања. Рековте судството не ни е реформирано, имаме проблем со корупцијата и криминалот. Но зошто не е истакнато дека за првпат пред Венецијанската комисија се најде еден голем пакет закони од областа на судството и јавното обвинителство. Дали е во согласност со Рамковниот договор предложената и уставна измена за внесување на Бугарите во Уставот под терминот други, не знам дали некој анализирал, бидејки Рамковниот договор е договор за заштита на правата на заедниците, на малцинствата, истакна Сиљановска Давкова. 

Во врска со политичката волја, таа оцени дека СДСМ толку многу изразувал политичка волја во однос на предлозите на ЕУ, кои не секогаш водело кон вистински реформи, што на некаков начин ја платиле цената на таа политичка волја.

- Да се фрлиме на реформи ама не заради политичка волја врзана за уставните измени, туку заради на владеење на правото. И не е точна констатцијата во извештајот дека во овие години не сме собрале волја за да го ставиме на дневен ред прашањето за уставните измени. Уставните измени дојдоа на дневен ред, пред Уставната комисија, не го поминаа ни првиот чекор, не ми е јасен заклучокот од каде е, заклучи Сиљановска Давкова на заедичката седница на НСЕ и Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за земјава.

Фото:МИА

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“