ЕУ СО ОСТРА ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА: Мирно завршете го изборниот процес
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Европската комисија во четвртокот порача дека официјален Брисел очекува сите страни во Македонија да учествуваат на мирен начин во повтореното гласање , да го завршат изборниот процес и да се избере влада.
Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчиќ навела дека ЕУ очекува од сите политички лидери во Македонија да покажат максимална одговорност.
ЕК исто така одлучно ја осуди подгревачката и опасна реторика која е насочена кон меѓународната заедница во Скопје.
„Очекуваме од новата влада да се посвети на решавање на систематско владеење на право, како и реформски приоритети и да продолжи континуирана имплементација на претходните политчки одговори“, заклучила Коцијанчиќ.