16 Декември, 2025
0.0467

ЕУ врати отровни штрудли од Србија

Објавено во: Балкан 07 Април, 2014 11:39

Добивај вести на Viber

Штрудла со смокви и крекери од еден српски производител се повлечени од пазарот на Европската унија, откако кај нив било детектирано неколкупати поголемо количество на отровна супстанција охратоксин од дозволеното. Според прописите на ЕУ, доволено е присуство од само три микрограми охратоксин по килограм производ за возрасни и 0,5 микрограми за деца. Во штрудлите од смокви, според наводите на Националната организација на потрошувачи на Србија, имало преку 15 микрограми, а во крекерите 10 микрограми од оваа токсична материја, што е повеќе дури и од количеството дозволено во Србија. Согласно европската политика, името на српскиот производител не се открива, а српските инспекциски служби не соопштуваат ниту дали вакви токсични штрудли има на пазарот во Србија или во некоја од другите балкански земји. „Да има образ и морал, производителот треба сам да се јави, да признае дека имал лоша серија и да им се извини на потрошувачите, бидејќи само на тој начин потрошувачите нема да бидат измамени“, вели Горан Паповиќ, претседател на Националната организација на потрошувачи на Србија. Охратоксинот А, кој бил пронајден во српските штрудли има потенцијално канцерогено дејство, докажано го уништува уринарниот систем, а во поголеми количества го оштетува и црниот дроб.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата