16 Декември, 2025
0.0610

Еуромакс ја поднесе Оцената на влијанието врз животната средина за проектот „Иловица“ во Министерството за животна средина и просторно планирање

Објавено во: Мои пари 06 Мај, 2016 15:36

Добивај вести на Viber

Еуромакс Ресоурцес ја поднесе Оцената на влијанието врз животната средина („ОВЖС“) за проектот за бакар и злато „Иловица“ до Министерството за животна средина и просторно планирање.

 Оцената на влијанието врз животната средина претставува проценка на можните влијанија врз животната средина и на социјалните аспекти на проектот „Иловица“ врз локалната заедница и е направена врз основа на неодамна објавената Студија за изводливост за проектот и деталните истражувања на постоечките услови во животната средина и социјалните аспекти, кои започнаа во септември 2013 година.

Поднесувањето на Оцената на влијанието врз животната средина е во целосна согласност со националната регулатива од оваа област и е еден од условите за издавање на Дозвола за експлоатација за проектот „Иловица“. Оцената на влијанието врз животната средина се темели на деталниот проект и основните информации и е базирана на реални податоци и состојби. Еуромакс во 2012 година доби одобрение за Студијата за влијанието врз животната средина.

Нетехничкото резиме е достапно на веб страницата на Министерството за животна срeдина и просторно планирање, а на веб страниците на Еуромакс и на различни физички локации во Македонија ќе биде достапна целокупната Оцена на влијанието врз животната средина. Истовремено, во период од 30 дена, ќе бидат поканети сите засегнати страни на увид и ќе имаат можност за свои коментари и сугестии. Во овој период ќе се одржат средби со засегнатите страни од локалната заедница при што проектот и неговите ефекти ќе им бидат детално објаснети. Заинтересираните страни ќе имаат можност да постават прашања за различни аспекти на проектот. Сите коментари, сугестии и прашања ќе се разгледаат и ќе бидат опфатени во конечната верзија на Оцената на влијанието врз животната средина.

Коментирајќи во врска со завршената ОВЖС, главниот оперативен директор Патрик Форвард рече:

„Завршувањето на работата во однос на постојните услови во животната средина и социјалните аспекти и со тоа и ОВЖС за проектот „Иловица“, врз основа на Студијата за изводливост, покажува дека ќе работиме безбедно и одговорно кон животната средина и социјалните аспекти. Тимот за истражување на животната средина и социјалните аспекти е составен од тим на Еуромакс, локални стручни лица од различните области кои тесно соработуваа со компаниите „Голдер Асоушиејтс“ и „Шламберже Уотер Сервисис“ во насока на усогласување на ОВЖС со националните и меѓународните насоки за одговорност во изградбата и работењето од гледна точка на сите чинители.“

Продолжува дополнителна работа на Оцената на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти („ОВЖССА“) како проширување на националната Оцена на влијанието на животната средина продолжува, со цел исполнување на стандардите и барањата за изведба на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и според Екватор принципите. ЕБОР е  сопственик на речиси 20% удел во овој проект.

Изградбата на рудникот за бакар и злато во „Иловица“ ќе започне по завршување на сите законски процедури. Според Студијата за изводливост (СИ) животниот век на рудникот ќе изнесува 20 години, додека годишното производство на руда е 10 милиони тони. Просечното годишно наплатливо производство на метал е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“