ЕВЕ КАДЕ ИМА НАЈМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ: Грција ја бие лош глас по тоа прашање
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2024
Стапката на невработеност во Европската унија во септември изнесува 5,9 отсто, што е намалување за 0,2 процентни поени во однос на истиот месец од претходната година, објави статистичката служба на ЕУ, Евростат.
Најниска невработеност е забележана во Чешка од 2,8 отсто, потоа во Полска со 2,9 отсто и Малта со 3,0 отсто, соопшти Евростат.
Според извештаите, највисока стапка на невработеност е забележана во Шпанија со 11,2 отсто, а по неа е Грција со 9,3 отсто.
Според податоците на Евростат, висока невработеност е забележана и во Шведска и Финска, каде таа изнесува 8,5 односно 8,4 отсто. Во септември годинава во ЕУ биле невработени 2.861 лице помлади од 25 години, така што стапката на невработеност кај младите во ЕУ изнесува 14,8 отсто.
Кога станува збор за жените, нивната стапка на невработеност во септември изнесувала 6,1 отсто, соопшти Евростат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.