ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ГЛАСАА „ЗА“ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПАСОШИТЕ - Милошоски: „Им благодариме на колегите“

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2024 14:29
Во Собранието не беа изгласани измените на Законот за патни исправи, кои беа предложени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а со кои се бараше продолжување на важноста на старите пасоши со Република Македонија до крајот на 2024 година. Против измените на законот гласаа 54 пратеници, додека 46 беа “за“.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите и со тоа, како што вели, оставија на цедило над 600 илјади граѓани, но затоа им се заблагодари на дел од пратениците од власта, кои, сепак гласале „за“ и со тоа покажале дека се грижат за потребите на граѓаните.
„Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија
Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија
П.С. им благодариме на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта“, се вели во објавата на Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување
