05 Декември, 2025
0.0733

ЕВЕ КОЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЌЕ ЗЕМААТ ЧЛЕНОВИТЕ НА НАДЗОРЕН ОДБОР - Стопанска банка Скопје ги утврди износите

Објавено во: Финансии 18 Јуни, 2024 12:35

Добивај вести на Viber

Откако минатата недела беа именувани нови членови на Надзорниот одбор и на Одборот за ревизија на Стопанска банка Скопје, денеска се одредени и нивните годишни надоместоци. 

За нив ќе се гласа на Собранието на акционери кое ќе се одржи на 16 јули, но со оглед што најголем и доминантен акционер на Стопанска банка Скопје е Националната банка на Грција, лочично е да се очекува дека овие одлуки ќе бидат усвоени. 

А,Стопанска банка Скопје одлучи и транспарентно да ги сподели со овдешната инвеститорска јавност. 

Па така, претседателот на Надзорниот одбор ќе добива вкупен годишен нето износ од 20.000 евра, што значи дека тој месечно би имал 1.666 евра во нето износ. 

За позицијата член на Надзорен одбор кој истовремено е претседател на одбор оформен од страна на Надзорниот одбор се предвидува вкупен годишен нето износ од 12.000 евра или по 1.000 евра месечно, додека, пак, за позицијата член на Надзорен одбор ќе се утврди вкупен годишен нето износ од 10.000 евра.

Како што веќе објави Фактор пред околу две недели, Стопанска банка Скопје ќе има нов Надзорен одбор. Овој висок орган на банката донел одлука на 16 јули да се одржи Собрание на акционери, а на него ќе се носат одлуки за именување на четири нови членови на Надзорниот одбор. 

Станува збор за Димитра Доима, Георгиос Тагарис, Јиули Толиа, Панајотис Карандреас.

Димитра Доима е заменик генерален директор за финансиско планирање и управување со перформансите на Национална банка на Грција. Нејзиниот мандат, како и на другите членови на Надзорниот одбор ќе биде четири години. Одлуките за нивното именување, пакј, ќе стапат на сила на денот на добивањето на согласност за именување на член на надзорен одбор од Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија.

Георгиос Тагарис, пак, е Заменик Генерален Директор за Управување со финансиски ризици на Национална банка на Грција. Јиули Толиа, пак, е Директорка на Канцеларијата за проектен менаџмент на ИТ и ИТ менаџмент, додека, пак, Панајотис Карандреас, е Директор на Сектор за меѓународни активности на Национална банка на Грција.

Исто така, Собранието на акционери на Стопанска банка Скопје на 16 јули ќе го определи и износот на надомест за работата на членовите на Одборот за ревизија, и тоа за позицијата Претседател на Одборот за ревизија вкупен годишен нето износ од 6.000 евра, а за позицијата член на Одборот за ревизија: вкупен годишен нето износ од 4.000 евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката