ЕВЕ КОЛКУ ЈАЈЦА СМЕАТ ДА СЕ ИЗЕДАТ ВО ЕДЕН ДЕН: Се над оваа бројка е опасно по животот!
Објавено во: Македонија 15 Април, 2023 15:27
Кога станува збор за јајцата, самите нутриционисти имаат поделени мислења. Многумина нè советуваат да јадеме по две јајца секој ден, а други велат дека треба да ги консумираме умерено и не толку често.
И покрај тоа, во пресрет на Велигден сигурно ќе изедеме повеќе од вообичаено, но експертите советуваат да се грижиме за границата на прекумерно внесување.
Ако јадете две до три јајца секој ден, вашето тело ќе добие доволно холин, витамин кој е најважниот градежен материјал на нашиот мозок.
Пилешките јајца се богати со лутеин, супстанца одговорна за јасен и добар вид.
Биотин, витамин Б12 и протеини кои го подобруваат варењето придонесуваат за зајакнување на косата и кожата. Фосфолипидите кои се наоѓаат во пилешките јајца помагаат да се елиминираат токсините од црниот дроб.
Меѓутоа, што ќе се случи ако претераме со јајцата? Поголемиот внес од предвидениот може да го зголеми холестеролот. ЛДЛ холестеролот, попознат како лош холестерол, се пренесува од црниот дроб до артериите и телесните ткива. Истражувачите велат дека ова може да доведе до акумулација на холестерол во крвните садови и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.
Жолчките содржат големи количини на холестерол: според Министерството за земјоделство на САД, едно големо јајце содржи околу 185 милиграми холестерол, што е повеќе од половина од препорачаниот внес.
Светската здравствена организација предлага вкупно 300 милиграми дневно. За тоа често зборуваа српските нутриционисти, кои истакнаа дека велигденските јајца треба да се чуваат во фрижидер до седум дена, додека испуканото јајце може да се чува пет дена.
На жените им се советува да јадат по две јајца дневно, додека на мажите се препорачуваат три јајца, иако генерално јадат многу повеќе.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




