19 Декември, 2025
0.0453

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ НУДИ КОМЕРЦИЈАЛНА ЗА АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БИТОЛА - кој ќе „загризе“?

Објавено во: Финансии 12 Август, 2024 09:33

Добивај вести на Viber

Се дозна цената по која Комерцијална банка сака да ја купи Стопанска банка Битола

Таа на акционерите цена од 3.200 денари за акција. 

Банката добила и согласност од НБМ за преземање на 100 отсто од капиталот на Стопанска банка Битола. 

Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции.

Ако се нудат овие акции, значи дека цената би била 20,34 милион евра.

„Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека Народната банка на Република Северна Македонија на Комерцијална банка АД Скопје и издаде претходна согласност за стекнување на капитален дел од 100 отсто од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Истовремено, Комерцијална банка АД Скопје известува дека согласно Одлука донесена од Надзорниот одбор на Банката, во постапката на јавна објава на понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, цената на акциите која ќе биде понудена во понудата за преземање изнесува 3.200,00 денари за 1 (една) акција“, се вели во објавата од Комерцијална банка.

Фактор пред неколку дена објави дека Комерцијална банка ќе упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола, за преземање на сите обични акции на банката со право на глас. 

Ова следува по длабинската анализа односно скенирањето на „книгите“ на Стопанска банка Битола, што беше услов Комерцијална банка да одлучи дали ќе пристапи кон процесот на присоединување, а сега и понуда за купување на акциите на помалата банка.

Инаку, во Стопанска банка Битола акционерски пакет од над пет отсто има само комманијата „Пелистерка“, и тоа располага со 16,99 отсто.

Откако беше објавена намера на Комерцијална банка дека ќе достави понуда за купување на Стопанска банка Битола, порасна цената на акциите на таа банка. Завчера една акција на Стопанска банка Битола на редовниот пазар се продавала по цена од 3.699,12 денари по акција, што е раст за 9,02 отсто во однос на еден ден претходно, а таа акција раст имаше и во двата дена кога генеррално светеше црвено на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми