Еве шанса: „Туркиш ерлајнс“ бара 500 пилоти
Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2015 09:01
Авио компанијата „Туркиш ерлајнс“ има намера оваа година да вработи 500 странски пилоти и 2000 лица за пресонал, со цел да се задоволат потребите на брзиот раст.
„Потребно е најмалку шест години да еден копилот стане пилот“, објасни и вели генералниот директор на компанијата Темел Котил.
Тој додал дека училишта во Туција ги задоволуваат нивните потреби за копилоти, но не и за пилоти така што овие кадри ќе мора да ги побараат во странство.
Овој авио превозник, во кој турската влада учествува со 49 % од капиталот, последните неколку години бележи силен раст со амбиција да биде во конкуренција со најуспешните компании во Персискиот залив, „Етихад и Катар ервејс“.
Во минатата година „Туркиш ерлајнс“ извршил транспорт на 54,7 милиони патници, што е за 13,3 одсто повеќе од 2013 година.
Распространет е на 261 аеродроми во 107 земји во светот и во 2014 година, четврта година по ред, беше прогласен за најдобра авиокомпанија во Европа.
„Оваа година уште повеќе ќе се зголеми фреквенцијата на нашите летови и бројот на дестинации“ изјави Котил, нагласувајќи дека нивниот приоритет е на африканскиот континент, кој во 2015 година се планира да има осум нови дестинации.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




