10 Декември, 2024
0.0855

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Кои се производи би може да поевтинат во случај да бидат прифатени предолог измените на Законот за данок на додадена вредност на опозициската СДСМ. Листата е долга, а особено привлекува внимание поевтинувањето на основните прехрамбени продукти.

Како што соопштија од партијата, во Собрение е доставен прeдлог законот за измени со кои треба да се укине данокот на додадена вредност кој се плаќа за сите продукти во земајва. Како што посочуват опозицонерите, измените ќе го зголемат стандардот на граѓаните, и ќе ја зголемат потрошувачка кошничка на најранливата категорија граѓани.

-  Со членот 1 се брише точката во членот 30 каде основните производи за човечка исхрана се ослободуваат од повластена даночна постапка од 5 отсто. Со членот 2 се воведува нов член 30-г со кој се уредува дека основните производи за човечка исхрана се ослободуваат од плаќање на данок на додадена вредност врз прометот и увозот и дека Владата ги определува поблиските добра и услуги кои спаѓаат во оваа категорија – се појаснува во доственото законско решени.

Предлагачите посочуваат дека со Законот за данокот на додадена вредност се определува предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби. Притоа нагласуваат дека согласно одредбите во Законот не е предвидена можност за ослободување од данок на додадена вредност за основните прехранбени производи што граѓаните ги користат во секојдневна употреба.

-  Со зголемувањето на цените и зголемување на потрошувачката кошничка граѓаните не можат да си ги дозволат сите основни прехрамбени произвоти, и поради тоа се предлага донесување на оваа измена во Законот за данокот на додадена вредност односно се предвидува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност врз прометот и увозот на основните производи за човечка исхрана – пишува во законот и се бара тој да се донесе по скратена постапка.

ШТО СЕ БИ МОЖЕЛО ДА ПОЕВТИНИ

Во законското решение доставено во Собранието прецизно се наведени сите производи кои би можеле да поевтинат ако се тргне данокот од пет проценти. 

Листата е навистина долга, почнувајќи од основни производи за човечка исхрана, до водата за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште, но и публикации како книги и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и периодични публикации, детски сликовници, дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина. 

Во листата која е посочена во предлог иземните се и семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија, ѓубрива, средства за заштита на растенијата, фолии од пластична маса за употреба во земјоделството... Меѓу нив и лекови, менструални производи, термални сончеви медицинска опрема, помагала и други уреди, добиточна храна, бебешки производи, училиштен прибор, пелети... 

На оваа долга листа се дел од услугите како превоз на лица, софтвер за машини за автоматска обработка на податоци, услуги за одржување на јавна чистота, услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти, но и занаетчиски услуги како поправка на велосипеди, чевли, облека, фризерски услуги.

Од опозициската СДСМ изминативе денови постојано укажуваат дека со укинувањето на ДДВ на храната вистински и реално ќе се намалат цените на над 250 категории на производи, а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари.

-  Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не се намалија. Освен реалната ситуација во маркетите каде цените на производите остана исти, тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистиска кој објави дека цените на мало во октомври се „намалиле“ за само 0,1 отсто. Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари а споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5 проценти – посочуваат од партијата.

Од таму истакнуваат дека мерка за замрзнување на маржата „се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна и наместо нови кошнички власта треба да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната“.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ СТЕВКОВА-ШТЕРИЕВА: Банките и натаму остануваат прв избор на граѓаните, во Комерцијална банка се чуваат 1,66 милијарди евра на населението

ИНТЕРВЈУ СТЕВКОВА-ШТЕРИЕВА: Банките и натаму остануваат прв избор на граѓаните, во Комерцијална банка се чуваат 1,66 милијарди евра на населението

Приливите на Binance за 2024 година се речиси 40 отсто повисоки од следните 10 берзи заедно

Приливите на Binance за 2024 година се речиси 40 отсто повисоки од следните 10 берзи заедно

ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СЛАБО СЕ КОРИСТАТ - анализа покажува дека надлежните одвај соработуваат во бората против корупцијата

ПОДАТОЦИТЕ ЗА ВИСТИНСКИТЕ СОПСТВЕНИЦИ СЛАБО СЕ КОРИСТАТ - анализа покажува дека надлежните одвај соработуваат во бората против корупцијата

СЕ „ГОРИ“ ВО ОВОЈ СЕКТОР: Зошто многумина не успеваат во еден од најбрзо растечките бизниси, а некои стануваат ѕвезди?

СЕ „ГОРИ“ ВО ОВОЈ СЕКТОР: Зошто многумина не успеваат во еден од најбрзо растечките бизниси, а некои стануваат ѕвезди?

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи