Добивај вести на Viber
Еве вака изгледа работата на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска! Центар во ѓубре! Срамота!, реагира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски на фејсбук.
„Барам веднаш градот Скопје и Арсовска да ги исполнат своите основни работни обврски и да го исчистат ѓубрето од улиците на Центар под чија надлежност е градот. Недозволиво е центарот на Скопје да изгледа вака, јавните површини под чија надлежност се они се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Во Крњево втора недела не се собира ѓубрето.
Градската администрација веднаш да се фати за работа и да ги исчистат улиците во Центар за која самата е надлежна!“, напиша тој.