СКОРО 70 ВОЗИЛА ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ - еве што утврди акцијата за намалување на загадувањето
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2025
Скоро 70 возила се исклучени од сообраќај, а откриени се и осум нерегистриани, но и четири со неисправни уреди за мерење емисија на испусни гасови во контролата која била спроведена од полициски екипи.
Контролите се прават во заедничка акција на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за внатрешни работи во насока на намалување на штетните испусни гасови во воздухот.
- Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.
И во изминатава недела, Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи (МВР) продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.
Од вкупно 1.859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178.
Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај - се наведува во соопштението испратено од МЖСПП.
Инфо и Фото: МЖСПП