27 Ноември, 2024
0.0338

ЕВН, ЕСМ Продажба или некој друг: Владата подготвува нов повик за универзален снабдувач

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Владата подготвува нов повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи во земјата, бидејќи следната година му истекува петгодишниот договор на ЕВН.

На 1 јули 2019 ЕВН, како победник во наддавањето со понуда на најниска маржа, за прв пат започна да работи како универзален снабдувач со струја за сите потрошувачи кои не излегуваат на слободниот пазар, односно остануваат на регулираниот.

Од Владата велат дека Регулаторна комисија за енергетика и  Министерството за економија во моментов изготвуваат критериуми за избор на универзален снабдувач пред да започне постапката за избор на универзален снабдувач, но со оглед на тоа што и натаму трае енергетска нестабилност и неизвесност, не е познато колкаво ќе биде домашното производство на струја што ќе треба да биде предадено на годишно ниво.

- Ви посочуваме дека согласно Законот за енергетика, АД ЕСМ има обврска секоја година да го намалува процентот на електрична енергија која ќе ја понуди на универзалниот снабдувач, колку за потсетување и во минатата година АД ЕСМ требаше да обезбеди само 60 отсто, меѓутоа поради зачувување на стандардот на граѓаните, и прогласената електроенергетска кризна состојба во државата, АД ЕСМ доби задолжение да ги обезбеди сите потреби на граѓаните, малите потрошувачи а и за дејностите од јавен интерес и таргетираните дејности. Треба да се има во предвид дека интересот на граѓаните секогаш ќе биде на прво место и соодветно ќе бидат и креирани мерките за граѓаните во однос на обезбедувањето на електричната енергија, гласи одговорот кој го добивме од Владата.

Првиот повик беше објавен во септември 2017 со право на аплицирање на сите 28 тогашни компании кои што имаа лиценца за снабдување со електрична енергија, но со обврска да понудат најмала профитна маржа, да прикажат работен капитал од 20 милиони евра и да располагаат со систем за фактурирање и наплата.

Во февруари 2019, ЕВН понуди најниска маржа од 11,5 проценти, по почетната од 14,4 проценти, а вториот понудувач беше ЕСМ Продажба. ЕВН започна да работи како универзален снабдувач на 1 јули 2019.

А.К.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

Заработи ли Доне Таневски над милион евра на грбот на малите акционери во „Македонијатурист“? На потег е КХВ!

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

„КОСТАЛ“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЗА ПРОЕКТИ ПОВРЗАНИ СО „ФОЛКСВАГЕН“ И „МЕРЦЕДЕС“: Еве што ќе се работи со новите инвестиции

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата

ЕВЕ КОЈ НА БАЛКАНОТ ПЛАЌА НАЈЕВТИНО ГОРИВО: Македонија е втора на листата