19 Декември, 2025
0.1557

ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа”

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2022 18:34

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа во 2021 година”.Компанијата го освои првото место во категоријата „Административни дејности“ за успешното справување со Коронавирусот и заштитата на вработените во услови на пандемија, како и спроведување на хуманитарна акција за крводарителство.

Наградени беа иницијативите на ЕВН за организирање на вакцинација за заинтересираните вработени, редовните антиген тестирања на невакцинираните вработени и вработените кои работат на клучни позиции за одржување на дистрибутивната мрежа на државно ниво. Наградена беше и крводарителската акција која се спроведе во просториите на ЕВН Македонија во соработка со Црвен крст.

Доделувањето на наградите се организираше по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28ми Април. Награди добија најдобрите правни субјекти кои во 2021 година реално и стручно придонеле во сопствениот развој, инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места. Организатор на овој настан е Министерството за труд и социјална политика, а наградите заеднички ги доделуваат Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција