ЕВН Македонија го олеснува плаќањето на сметките
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2013 19:47
Со цел новите услуги да им ги направи лесно достапни на граѓаните, ЕВН Македонија пред наплатните места во Градскиот трговски центар во Скопје организира алтернативна промоција на услугите. На посебно определен простор пред наплатниот пункт корисниците можат да се пријават за услугата е-фактура и да потпишат траен налог, без да чекаат ред во банка или во приемна канцеларија. Процедурата на пријавување во банките за потпишаниот траен налог и евидентирањето на корисниците за услугата е – фактура го организира ЕВН Македонија.
Со користењето на овие услуги се избегнува доцнењето на плаќањето на фактурите за потрошена електрична енергија и евентуалните камати и други законски мерки кои произлегуваат од ненавременото плаќање на фактурите. Неколку илјади граѓани досега ја искористија оваа можност да потпишат траен налог, а алтернативната промоција на услугите на ЕВН Македонија ќе трае до крајот на месец ноември. За информации за висината на последната сметка и вкупниот долг, на корисниците на располагање им е телфонската линија 089 089 089. За сите други информации отворени се телефоните на Центарот за односи со корисниците на ЕВН Македонија: за информации 0890 12345 и за пријавување дефекти 0890 88888, електронската адреса info@evn.mk и интернет страна на www.evn.mk.Можеби ќе ве интересира
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година




