ЕВН: Отстранети поголем дел од дефектите, екипите остануваат на терен!
Објавено во: Мои пари 02 Февруари, 2015 16:05
Големото невреме проследено со врнежи од снег, дожд и ветер кое за викендот ја зафати замјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени региони. Во регионот на Прилеп. Гостивар, Тетово, Велес,Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја, информираат од ЕВН.
Се работи на отстранување на дефектите во неколку села во прилепскиот, штипскиот, кочанскиот, струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион. Во градот Кичево и околните населени места се нормализира снабдувањето со електрична енерегија откако екипите на МЕПСО го одстранија дефектот на 110 кВ далекуводБитола - Сопотница - Кичево. Екипите на ЕВН предходно ги оспособија 35 киловолтните врски од Македонски Брод и Осломеј, за градот да не остане без напојување подолг период. Екипите на ЕВН се на терен работат на отстранување помалите дефекти во околните кичевски села.
Дел од трафостаниците во поплавените подрачја се без напон за да не предизвикаат поголеми штети и несакани последици. Откако нивото на водата ќе се намали и ќе се создадат услови за интервенции ќе се работи на отклонување на дефектите. До тогаш корисниците ќе бидат поврзувани на алтернативни напојни точки.
Екипите на ЕВН Македонија остануваат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници.
Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




