Еврогрупата бара решение на грчката криза
Објавено во: Балкан, Економија 11 Мај, 2015 21:12
Клучната седница на министрите за финансии од Еврогрупата се одржува во Брисел. Главната тема ќе биде решавање на грчката криза и постигнување на договор за доделување на последната транша од 7 милијарди евра за Атина.
Владата на Алексис Ципрас инсистира да добие признание за постигнатиот напредок, за да продолжи со реформите.
Покрај тоа, властите во Грција се надеваат да добијат барем дел од предметната транша.
Во меѓувреме, Грција го започна плаќањето на 750 милиони евра кон Меѓународниот монетарен фонд ден пред донесување одлука за плаќањето соопшти Министерството за финансии на Грција.
Наредбата за плаќањето во вторникот е издадена кон грчката Агенција за управување со државниот долг. Бидејќи владата се соочува со финансиски тешкотии имаше загриженост дали ќе може да го направи тоа плаќање, иако Атина постојано уверуваше дека ќе ги исполни обврските.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




