16 Декември, 2025
0.0430

Еврогрупата разговара за Грција, во Грција поддршка за новата влада

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2015 21:29

Добивај вести на Viber

Грција и нејзините партнери во 19-члената еврозона започнаа денеска вонреден состанок посветен на предлозите на новата грчка влада за олеснување на програмот за помош и мерки на штедење.

Ова е прв состанок на министрите за финансии од еврозоната од кога радикално левичарската партија Сириза победи на изборите во Грција минатиот месец со ветување дека драстично ќе се намали оптеретерувањето наметнато на земјата по планот за помош од нејзините доверители поврзани за острите мерки на штедење.

Народната поддршка на промените на курсот е силна во грција што се покажа и денеска кога илјадници луѓе излегле на улиците во Атина, Солун, и другите градови ширум земјата во знак на поддршка на новата влада, со повици на Грција да и се дозволи „достоинство“.

Околу 15 000 луѓе во Атина се собрале, додека околу 5000 во Солун за барање на Грција ќе и се даде „дух на достоинство“. Протестите се организирани преку социјалните мрежи а демонстрантите носеле плакати со слоганите како што се „Стоп на штедењето“, „Нема враќање назад“, „Дајте и шанса на Грција“ и „Почитување“.

Главните претставници на еврозоната прифатиле дека треба да ги сослушаат предлозите на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, но наведуваат дека не се очекува наскоро да дојде до спогодба.

Од победата на изборите минатиот месец грчката влада говореше за желбата да прекине со мерките на штедење и дека сака нови преговори со ЕУ но уште не дала конкретни предлози.

Варуфакис рекол дека сака да го укине сегашниот програм на помош и да се договори за нов.

Тој предложил на Грција да и се одобри „заем за премостување“ на неколку месеци а Грција ќе се обврзе да спроведе и понатамошни реформи посебно за нејзиниот неефикасен даночен систем. „Уверен сум дека ќе имаме многу конструктивен состанок“, рекол Варуфакис.

И покрај поделбите на мислење кое преовладува на финансиските пазари и дека некој вид на компромисен договор ќе биде издејствуван наредните денови, наведува агенцијата АП.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата