ЕВРООБВРЗНИЦА: Економија во тесно или долгорочна стабилност!?
Објавено во: Финансии 18 Јули, 2014 08:59
„Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво, информираа од министерството за финансии.Ова е трета обврзница по ред што се издава во земјава. Првата еврообврзница се емитуваше во 2005, на износ од 150 милиони евра. Тогаш каматата изнесуваше 4,6 отсто. Таа ќе достаса за враќање следната година. Втората еврообврзница беше издадена во јуни 2009 година, на сума од 175 милиони евра. Тогаш каматата изнесуваше 9,8 отсто годишно. Оваа еврообрзница беше отплатена во јануари минатата година. Во 2010 година, владата имаше неуспешен обид за издавање на еврообврзница. Откако пазарот се скенираше владата подоцна се повлече од идејата за издавање на еврообврзница. Буџетскиот дефицит нема да се одржи на 3,5%? Владиното задолжување со половина милијарда евра за дел од економистите и опозицијата е доказ дека владата нема доволно пари за да го покрие буџетскиот дефицит за годинава и дека буџетскиот дефицит нема да се одржи на 3,5% од БДП, како што е планирано. За други пак е вистински чекор во прав момент за економијата.
„Исто како и 2012 кога донесе одлука за зголемување на дефицитот во една кафеанска процедура во Александар палас, исто како и лани кога тој беше надминат, и во 2014 владата ќе креира дефицит поголем од 3,5 % за што и се потребни средства од надвор. Воедно, таа ги претвара во тоалетна хартија сите свои економски документи. За оваа година таа тврдеше дека најголем дел од дефицитот ќе биде покриен од депозитите на државата. Очигледно дека до мај владата ги исцрпила депозитите и неопходно е странско задолжување, вели Кире Наумов.Наумов потенцира дека Македонија за првпат издава обврзница после две последователни години во кои имала буџетски дефицит над 3% (2012 – 3,9 и 2013 – 4,1 и секако годинава кога до мај има дефицит од 2,5% од БДП), а поголем дефицит земјава имала само во кризната 2001 и 2002 година. Тој додава дека Македонија ќе се задолжува после сите јавни изјави и документи во кои стои дека за 2014 се обезбедени средства за покривање на дефицитот. И, затоа вели, несфатливо е зошто владата би плаќала камата неколку месеци, независно колку таа би била поволна, ако средствата се потребни за плаќање на обврската дури на почетокот на 2015.
„Во однос на висината на еврообврзницата 500 милиони евра ќе претставуват нов долг од 6% од Бруто домашниот производ. Односно, 500 мил евра се 17% од сегашниот долг на централната влада (2,8 милијарди евра) и 15% од јавниот долг (околу 3,3 милијарди евра – објавен во претпристапната програма јануари 2014 година). Тоа значи дека, доколку се емитува обврзницата, а обврските по кредити доспеваат на почетокот од 2015, во еден момент пред крајот на 2014 ќе имаме долг на Централна влада од 3,3 милијарди евра односно 41% од БДП, и јавен долг од околу 50% од БДП, вели Наумов.Според професорот Томе Неновски одбран е вистинскиот момент за издавање на еврообврзницата.
„Министерот за финансии и гувернерот на НБРМ го одбраа вистинскиот момент, кога има најниски каматни стапки на светскиот финансикиот пазар да издадеме еврообрврзница“, изјави унверзитетскиот професор Томе Неновски.Тој смета дека евробврзницата ќе има силно влијание во економијата.
„Од една страна, ова ќе има силно позитивно влијание врз сервисирањето на долговите кои со многу силен интензитет достасуваат во следниве две до три години, а од друга страна, ова ќе има позитивно влијание врз одржувањето на адекватно ниво на девизните резерви. Сè на сè ќе имаме стабилна монетарна и фискална политика, а оваа еврообрвзница мислам дека ќе биде гаранција за одржување на макроекономската стабилност“, објаснува за МТВ професорот Неновски.С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





