05 Декември, 2025
0.2755

ЕВРООБВРЗНИЦА: Ќе даваме многу пари за камати!

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2016 09:03

Добивај вести на Viber

Еврообврзницата беше исклучително коментирана овие денови. Сега, според агенцијата Ројтерс се нуди со камата од 5 отсто, на 7 години. Еве што за Фактор рекоа аналитичари, бизнисмени, професори: Венко Глигоров, бизнисмен: „Се зголемува буџетот еднострано и за таквиот буџет се бараат нови пари. Најбитното е тоа што износот е превисок и ќе ја стави Македонија во исклучително тешка ситуација. Се создава привид дека се е законски како во ситуацијата: операцијата е успешна, а пациентот е мртов. Исто така е важно да се истакне дека со Пржинскиот договор кој е верификуван и во собранието, Македонија се обврза да спроведува активности на создавање на услови за кредибилни избори и да работи на отстранување на политичката криза преку реализација на одредбите од извештајот на Прибе. Ниту со буџетот ни со еврообврзницата овие обврски не може да се видат дека ќе се исполнат.  Сами Бислими, аналитичар: „Издавањето на еврообврзницата нема никакво економско оправдување. Официјалните податоци укажуваат на фактот дека буџетските приходи се во рамките на проектираните вредности, и доколку е тоа така, тогаш, преку наплатата на јавните приходи се обезбедени средства за покривање на проектираната буџетска потрошувачка.  Објаснувањето дека парите од новата еврообврзница ќе се користат за покривање на проектираниот буџетски дефицит не држи од причина што, со претходното задолзхување беа обезбедени средства за покривање на буџестки дефицит за првите шест месеци. Потоа објаснувањето дека дел од средствата ќе се користат за исплата на плати, пензии, за финансирање на други инфраструктурни  проекти, исто така не држи, оти нели буџетот ни е во добра кондиција, а тоа значи дека, со досегашната наплата на фискалните и други приходи се обезбедени потребните средства за покривање на плати, пензии, како и средства за финансирање јавната потрошувачка.“ Фатмир Бутиќи, комора на стопанственици од Северозападна Македонија “Ние како комора на Северозападна Македонија не можеме да дадаеме поддршка на задолжувањата и на трендот на непродуктивни трошења, и тоа му беше најавено на министерот за финансии. Стопанската комора на северозападна Македонија поддржува и стимулира рамномерен регионален економски развој ама не стимулира и не поддржува селективен пристап на оваа Влада која директно влијае на економскиот диспаритет во земјата“ Предраг Трпевски, професоор: Инаку, да не не чуди тоа што оваа еврообврзница ќе биде поскапа од сите претходни (со икслучок на онаа од 2009 година, која се издаде во услови на глобална економска криза). Каматата на оваа еврообврзница, дефинитивно ќе биде повисока, а причината за тоа е ситуацијата во нашата земја, особено политичката криза.. Владимир Филиповски, универзитетски професор Доколку се издаде еврообврзница на максималниот износ од 650 милиони евра, тоа би значело нов долг кој би бил околу 15% од износот на вкупниот јавен долг и 22% од надворешниот јавен долг, со состојба на крајот од првиот квартал 2016. За период од две години: јули 2014 – јули 2016, тоа би било задолжување преку три еврообврзници во износ од 1,4 милијарди евра. Тоа би значело продолжување на трендот на забрзана динамика на задолжување на државата. Исто така, доколку нема во меѓувреме некое раздолжување, јавниот долг во еден момент би достигнал ниво над 50% од номиналниот БДП. Сето тоа би ја отежнало идната фискална консолидација, т.е. стабилизирањето на јавниот долг. A фискалната консолидација подразбира и намалување на буџетските дефицити (во последните три години реализираните дефицити изнесуваа во просек 3,8% од БДП) преку рационализирање на буџетските трошења, со што би се намалиле и потребите за постојани нови задолжувања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката