ЕВРОПА ГО ПРЕДУПРЕДУВА ЦИПРАС: Не се обидувај да ставиш вето на санкциите на Русија!
Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2015 19:20
Претседателот на надворешно-политичкиот одбор на германскиот парламент Норберт Ретген го предупреди новиот грчки премиер Алексис Ципрас да не го користи правото на вето на проширувањето на санкциите против Русија како во преговорите за програмата на извлекување на Грција од финансиски потешкотии.
Било каков обид на поврзување на овие две политички полиња мора да биде запрено и пред да почне“, истакнал денеска Ретген, кој е висок член на конзервативната партија на канцеларката Ангела Меркел, пренесува Ројтерс.
Ципрас, кој во неделата победи на изборите и покрај незадоволството на народот поради мерките на штедење кои го собориле животниот стандард на многу Грци, ги загрижил европските партнери критикувајќи го соопштението на ЕУ во кое Москва се предупредува дека и следат нови санкции поради улогата во украинската криза.
Неговата одлука, откако положи заклетва, да го прими рускиот амбасадор пред да се состане со било кој друг странски претставник, не наиде на добар прием во Брисел и Берлин, наведува британската агенција.
Со оглед на тоа дека 28 земји членки на ЕУ мораат едногласно да се изјаснат за проширувањето на санкциите против Русија, новата грчка влада би можела да стави вето на таквата одлука вели Ретген.
„Мораме јасно да и ставиме до знаење на Грција дека заедничката одлука е одлучувачка за да би можела ЕУ нешто да направи“, објаснил тој.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, германскиот социјалдемократ, исто така предупредил Ципрас да не отстапува од ставот на ЕУ кон Русија во украинската криза.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска одржаа вонреден состанок како би ја разгледале можноста за новите санкции на Русија поради ескалацијата на судирите на истокот од Украина, но конечната одлука, најверојатно ќе биде оставена за самитот на ЕУ, следниот месец, заклучува Ројтерс.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




